Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Захарова: Привремен прекин или замрзнување на конфликтот во Украина е неприфатливо за Русија

Сподели

Москва, 6 февруари 2025 (МИА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека за Москва е неприфатлив привремен прекин на огнот во Украина.

-Привремен прекин на огнот или, како што многумина велат, замрзнување на конфликтот е неприфатливо, рече Захарова, пренесена од руските медиуми.

Според неа, такво нешто Западот, колективно или индивидуално, би го искористил за зајакнување на воениот потенцијал на режимот во Киев и за обид за вооружена воена одмазда.

- Advertisement -

-Потребни ни се сигурни, правно обврзувачки договори и механизми кои ќе гарантираат дека кризата нема да се повтори, изјави Захарова.

Таа рече дека основата за таквите договори може да биде тоа што беше договорено во пролетта 2022 година за време на неколку рунди руско-украински преговори во Белорусија и Турција.

Захарова истакна дека за време на преговорите што се воделе во 2022 година било планирано гаранти на договорот да бидат постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, како и Германија, Израел, Италија, Канада, Полска и Турција, додавајќи дека оваа листа постојано се менува.

-Како во иднина ќе се создаваат можни договори и кои ќе бидат нивните гаранти ќе покажат резултатите од новите преговори и новиот преговарачки процес, кога ќе започнат и кога ќе се одржат, рече Захарова.

Договорот од 2022 година, што не беше усвоен, предвидува, меѓу другото, Украина да прифати геополитичка неутралност, да не влегува во НАТО, да ја ограничи големината на нејзините вооружени сили и да и даде на источна Украина специјален статус.

Од Сашко Димевски/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трагедија на автобуска станица: Жена и новороденче загинаа во тоалет

Русија планира изградба на 38 нуклеарни реактори во следните две децении

Телефонски разговор Зеленски-Вучиќ

Нетанјаху вети дека ќе ги врати жителите во северен Израел

Трагедија во Алпите: Американец загина при искачување на Триглав

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Трамп ја проширува предизборната битка и ќе се обиде да ги освои демократските бастиони

Балкан

Албанија е една од 10-те земји во светот со најзагаден воздух

Свет

Десет лица осудени за клевета на првата дама на Франција

Шест вработени во ОН загинаа во нападот на училиште во Газа

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?