Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Култура и наука

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

ФОТО: Бигорски Манастир / bigorski.org.mk
Сподели

Дебар, 9 септември 2024 (МИА) – Бигорскиот Манастир во изминатите денови беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, која посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски зографи – Дичо Зограф.

Под покровителство на Институтот „Цветан Грозданов“ при МАНУ, школата беше организирана со поддршка на здружението на граѓани „Брзовец“ од село Тресонче, Општина Маврово-Ростуше и со благослов на игуменот на Бигорската Обител, епископот Антаниски г. Партениј.

Програмата за оваа година опфати научни и едукативни сесии посветени на уметноста, архитектурата и духовното наследство на мијачкиот крај, кои се одржаа на неколку локации во мијачкиот крај, и главно во Бигорскиот манастир.

- Advertisement -

Свеченото отворање се одржа на 1 септември во црквата „Свети Петар и Павле“ во Тресонче. Присутните имаа можност да ја проследат промоцијата на Зборникот на трудови „По патеките на Дичо Зограф“, кој беше промовиран од проф. д-р Ненад Макуљевиќ.

-Ова второ издание на Зборникот ја зацврстува вредноста на истражувањата поврзани со делото на Дичо Зограф, обезбедувајќи дополнителен научен контекст за неговото уметничко влијание и значење, рече меѓу другото Макуљевиќ.

Присутните ги поздрави и градоначалникот на Општина Маврово-Ростуше, Медат Куртоски, по што беше отслужена панихида за дебарско-мијачките зографи, кои оставиле неизбришлив белег во македонската и во светската уметност.

Во текот на следните денови, вечерните сесии што се одржаа во Бигорскиот Манастир опфатија предавања од реномирани истражувачи, меѓу кои д-р Љупчо С. Ристески, д-р Сашо Цветковски, д-р Ненад Макуљевиќ и д-р Ивана Женарју Рајович. Темите што беа обработувани вклучуваа истражувања за културно-историските карактеристики на Мијачијата, за иконографијата на Дичо Зограф и за неговото наследство, како и за улогата на мијачките зографи во македонската и во балканската уметност.

Покрај научните сесии, учесниците на Школата ја посетија и изложбата посветена на резбаниот иконостас на Петре Филиповски Гарката во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Гари, како и значајните културно-историски споменици во регионот, вклучувајќи ги црквите „Свети Велкомаченик Георгиј“ во Лазарополе и „Свети Ахилиј Лариски“ во село Требиште. Овие посети беа придружени со стручно водство и дискусии за архитектонските и уметничките вредности на овие свети храмови и споменици.

Школата заврши со заклучна сесија, на која повторно беше истакната важноста на зачувувањето и промоцијата на духовното и културното наследство на мијачкиот крај. Културниот центар „Дичо Зограф“, во неговото родно Тресонче, чие целосно опремување се очекува да заврши до крајот на годинава, останува клучна платформа за истражување и претставување на ова уникатно наследство.

Овој настан не само што ги привлече научниците и уметниците од регионот, туку и ја истакна важноста на мијачкиот крај и на Бигорскиот манастир како негов центар и како еден од столбовите на нашата културна историја, потенцирајќи ја потребата за зачувување и промоција на богатото духовно наследство.

Од Вера Тодоровска, Дебар Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Концерт на КУД „Света Марина“ од Воден

Почнува 5. Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

Зошто младите избегнуваат музеи – и дали културата стана досадна само затоа што е лошо претставена?

Продолжен рокот на конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024

Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во МКЦ

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Култура и наука

Дело на Ван Гог продадено за над 4,5 милиони евра

Култура и наука

„Блу гоуст“ слета на Месечината

Култура и наука

Поточиња 2025 на 12 и 13 април во Филхармонија

Култура и наука

Вечерва унгарска филмска вечер на „Охридско лето“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?