Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Здравствените услуги поскапуваат и до 50% – Повеќе пари за лечење од 1 јануари

26.12.2025 07:57
Сподели

Од 1 јануари граѓаните ќе плаќаат повисока партиципација за здравствени услуги, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. Иако зголемувањето го оцени како „симболично“, бројките покажуваат дека кај одредени услуги поскапувањето изнесува и до 50 отсто, а кај некои пак и повеќекратно.

Така, услугата за која досега се плаќаа 40 денари, од Нова година ќе чини 60 денари. Специјалистички преглед со земање брис, кој досега здравствената установа ја чинел 400 денари, сега ќе се наплаќа 750 денари. Општиот ургентен пакет од 780 денари поскапува на 2.450 денари, додека ехо-преглед на еден орган од 300 денари ќе се зголеми на 670 денари.

Клековски објасни дека одлуката се носи по повеќе од десет години без промена на цените и се однесува на основниот специјалистички и интернистички пакет.

Банер Банер BrandEcho

„Специјалистичкиот преглед според ценовникот на Фондот досега беше 380 денари – цена стара повеќе од една деценија. Сега се зголемува на 720 денари. Нето-ефектот од оваа одлука ќе биде околу една милијарда денари годишно за здравствените установи, од кои 80 проценти во јавниот и 20 проценти во приватниот сектор“, изјави Клековски.

Интернистичкиот пакет, како што додаде, ќе донесе дополнителни околу 340 милиони денари годишно.

Ad image

Според директорот на ФЗО, не станува збор за „нови пари“, туку за подобра валоризација на веќе извршената работа. Здравствените установи, како што рече, често не успевале да го реализираат својот буџет бидејќи цените на услугите биле прениски.

„Установите фактурираат услуги кон Фондот, но најчесто се под 80 отсто реализација. Поплаките беа дека со вакви цени не можат да го исполнат буџетот. Со зголемувањето на цените, се овозможува подобро вреднување на нивната работа“, истакна Клековски.

Сепак, најавеното поскапување доаѓа во период кога граѓаните веќе се соочуваат со повисоки трошоци за живот. Иако премиерот во изминатиот период тврдеше дека зголемувањето на платите би можело да предизвика инфлација, во пракса поскапеа низа услуги поврзани со државата – струјата, парното, храната, а се најавува и поскапување на градинките.

Во такви услови, одењето на ургентен преглед со новите цени, за дел од граѓаните би можело да стане финансиски товар, па дури и луксуз.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Одбележан денот на формирањето на Седмата Ударна бригада

Герасимовски: Поддршка за младите семејства преку двосменско работење во градинките

Нови обвиненија за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Седници на пет собраниски комисии

Каква е состојбата на патиштата утринава? АМСМ со важни информации за возачите

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

ЕКСПРЕСНО СУДЕЊЕ Една година затвор за кавадарчанец кој намерно прегази полицаец при легитимирање

Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА Во декември изречени 19.750 сообраќајни казни

Хроника

Несреќа во Ново Лисиче: Возач со „Опел Астра“ удри четворица пешаци!

Локално

Јакимовски до Ристовски: Карпош подготвен да ги покрие сите трошоци за базенот и салата „Партизан“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?