Киев, 21 септември 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека американскиот претседател во заминување Џо Бајден се уште може да донесе важни одлуки пред да ја напушти функцијата во јануари, кои ќе ја зајакнат Украина.
Зеленски изјави за украинските медиуми пред да замине од Киев на состаноци во САД дека сака да му го претстави, како што го нарекува, својот „план за победа“ прво на Бајден, а потоа и на остатокот од светот.
Тој рече дека бара разговори со Русија како дел од овој план, но не даде детали.
Украинскиот лидер, исто така, ги повтори своите повици до САД да и дозволат на Украина да употреби оружје со голем дострел длабоко во Русија.
Од Златко Шумковски/МИА