Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Зеленски повторно ги повика западните сојузници да испратат оружје со поголем дострел

18.08.2024 12:57
Сподели

Киев, 18 август 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш итно го повика Западот да и обезбеди на Украина оружје со поголем дострел поради напредувањето на неговите војници во руската област Курск, јави ДПА.

-Способноста на украинските вооружени сили да користат такво оружје против Русија е најважното стратешко прашање на оваа војна, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

Според него, во моментов недостасуваат неопходните решенија од страната на западните сојузници. Тој го наведе примерот на Британија, за која рече дека станала побавна во делувањето.

Банер Банер BrandEcho

-И ние би можеле ефикасно да ја одземеме секоја можност за окупаторот да напредува и да нанесе штета доколку нашите можности за удар на долг дострел беа доволни. Светот виде колку ефикасно Украина ја брани својата независност и ѝ треба дополнителна помош, нагласи Зеленски.

Украинскиот претседател повторно спомна разговор со врховниот командант на вооружените сили Олександар Сирски, кој го информираше за натамошен напредок во руската област Курск.

Ad image

-Операцијата се развива точно како што очекувавме. Храброста на Украинците постигнува голем успех. Сега ги зајакнуваме нашите позиции, рече Зеленски.

Тој, исто така, повторно спомна дека Украина заробува се повеќе руски воени заробеници во регионот Курск за да го надополни нивниот број за следната размена со Русија. Според него, целта е да се вратат дома војниците и цивилите во руско заробеништво.

Според последните информации од Киев, Украина контролира над 80 населени места и 1.500 квадратни километри земјиште во областа Курск. Приближно 10.000 украински војници се стационирани во регионот Курск.

Зеленски има намера преку офанзивата започната на 6 август да го зголеми притисокот врз Москва за прекин на непријателствата преку преговори, посочува ДПА. Од руска перспектива, сепак, овие преговори изгледаат сè поневеројатни поради украинската офанзива.

Од Марија Спасовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Русија: Европа ќе плати за украденото!

Зголемено присуство на Ковид-19 во Грција

Европа подготвува нова стратегија против Русија: Што значи тоа за Путин и Украина?

Зеленски: Победата на Украина над Русија зависи од САД

Земјотрес од 4,3 степени го потресе Крит

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Се зголемува бројот на повредени американски војници во конфликтот со Иран

Свет

Кина вели дека го поддржува Иран во разговорите со САД, се противи на „незаконските“ санкции

Свет

Кремљ ја отфрла можноста за средба помеѓу Путин и Зеленски

Советот за безбедност на ОН свикува итен состанок по нападот на Израел во Катар

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?