Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Зголемени цените на земјоделските производи во ЕУ: Најмногу поскапело млекото

Сподели

Брисел, 13 март 2025 (МИА) – Просечните цени на земјоделските производи во Европската унија (ЕУ) се зголемени за 2,2 отсто во четвртиот квартал од 2024 година во однос на истиот период од 2023 година, објави Евростат.

Спротивно на тоа, просечната цена на услугите и стоките што се користат во производството, како што се енергијата, ѓубривата или добиточната храна, е намалена за 2,7 отсто во однос на четвртиот квартал од 2023 година. Ова е најмал пад на цената во однос на претходните шест квартали.

На национално ниво, повеќето земји од ЕУ забележаа пораст на цените на земјоделските производи во набљудуваниот период. Највисоки стапки на раст се забележани во Ирска (18,4 отсто), Унгарија (14,9 отсто) и Романија (11 отсто).

- Advertisement -

Цените на услугите и стоките се намалија во повеќето земји од ЕУ. Намалување е забележано во Кипар (осум отсто) и Шпанија (7,1 отсто). Цената на млекото во ЕУ нагло се зголеми, за 15,3 отсто во однос на истиот квартал од 2023 година. Зголемување на цените е забележано во 24 земји од ЕУ, а највисоки стапки се забележани во Ирска (+43,7 отсто), Литванија (+33,2 отсто), Белгија (+30,8 отсто) и Шведска (+30,3 отсто).

Цените на житарките незначително се променија, во просек се зголемија за 0,3 отсто, со тоа што движењата на цените варираат во различни земји. Намалување е забележано во 17 земји, а пораст има во останатите десет.

Спротивно на тоа, цените на услугите и стоките што се користат во производството се намалени. Просечната цена на вештачкото ѓубриво е за 6,9 отсто пониска во однос на четвртиот квартал од 2023 година, а цената на добиточната храна е пониска за пет отсто.

Од Рената Пепељугоска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Босна и Херцеговина: Сè поголема побарувачка за странска работна сила

САД се повлекуваат од воената поддршка за источна Европа

Путин сака Украина да биде ставена под привремена администрација на ОН

Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење

Венецуелската опозиција ќе му понуди гаранции на Мадуро доколку доброволно замине од власта

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Телеграм соопшти дека Дуров нема што да крие

Свет

Трагични напади во Колумбија: 18 жртви и многу повредени

Свет

ЕУ ќе предложи Г7 да ги заостри санкциите за извоз на руска нафта по море

Зеленски: Многу сме блиску до постигнување на целта да станеме членка на НАТО

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?