Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интересно

Зимата и затворениот прстор значат поголема опасност од мувла

Сподели

Копенхаген, 19 септември 2024 (МИА) – Со доаѓањето на зимата и затворањето на домот заради задржување топлина, лесно се заборава на важноста на проветрувањето и спречувањето мувла. Неколку едноставни чекори може да помогнат да се спречи појава на мувла во куќата.

Застоен воздух води до влага и појава на мувла. За да се спречи ова, Питер Фолдбјерг – одговорен за дневна светлина, енергија и клима во затворен простор во данската компанија  „Велукс“ (VELUX), открива неколку практични и евтини совети. Според него, најдобро време за отворање прозорец коешто го намалува нивото на влажност во домот, се утрата и доцна навечер…

– Отворањето на прозорците веднаш по будењето и пред спиење може значително да го подобри квалитетот на воздухот во Вашиот дом. Ваквата вентилација не само што го спречува развојот на мувла, туку и ја изедначува температурата во спалната соба, овозможувајќи подобар и помирен сон, вели тој.

- Advertisement -

Стручњакот препорачува кратко проветрување од 10 до 15 минути – три до пет пати на ден.

– Разбирањето на секојдневните активности во домот што предизвикуваат загадување во затворениот простор – како што се готвење, чистење, туширање, палење свеќа, сушење алишта внатре, па дури и спиењето и дишењето – е клучно за решавање на проблемот. Овие активности може да доведат до мувла и влага во домовите со текот на времето, што ќе влијае на нашата целокупна благосостојба, вели тој.

Натаму, според наводите, сопствениците на куќи треба да се стремат кон енергетска ефикасност, со мерки како што се двојно застаклување и изолација на ѕидовите. Ваквите чекори значат намалување на трошоците за енергија, поефикасна заштита од студеното време и, следствено – помалку мувла.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

„Мерсер“: Најскапи градови за живот во 2024 година

Ужасите на унгарските нацисти: Како стотини илјади животи беа изгубени за само неколку месеци

Новогодишниот Базар во City Mall најразнолик досега – и бетонот може да биде уметност ако биде инспириран од Сукулента

Зошто Новата година е повеќе од само промена на календарот?

Зошто понекогаш ти се чини дека си на погрешно место – дури и кога сè изгледа правилно?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интересно

Роџер Федерер: Патот до милијардерскиот статус

Интересно

10 неверојатни факти за мозокот што (веројатно) никогаш не си ги слушнал

Интересно

Американка ќе наследи над милион долари од момчето со кое раскинала пред 30 години

Интересно

Руските служби за безбедност открија вирус кој напаѓа бензински пумпи и краде гориво од муштериите

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?