На денешен ден 1909 година во Банско, Пиринска Македонија, бил роден Никола Јонков Вапцаров, македонски писател, комунист.
Вапцаров е роден во Банско во Пиринска Македонија, на 7 декември 1909 година, како прво дете на Иван (Јонко) Вапцаров и Елена Везјова, двајцата Македонци од протестантска (евангелистичка) вероисповед. Татко му, Иван (Јонко) Вапцаров, учествувал во револуционерното движење за ослободување на Македонија од турското ропство: најпрвин во Илинденското востание, потоа во изгонувањето на Турците во 1912 година, а потоа бил вклучен во братоубиствените борби меѓу одделните фракции на македонските револуционери. Мајката на Никола Вапцаров имала неколкугодишно образование во американскиот колеџ во Самоков, а потоа, извесно време работела како учителка во Македонија при што и таа се вклучила во борбата за ослободување на Македонија.
На денешен ден 1942 година, на 32 годишна возраст, во Софија бил стрелан Никола Јонков Вапцаров, македонски писател, комунист.
Вапцаров е роден во Банско во Пиринска Македонија, на 7 декември 1909 година, како прво дете на Иван (Јонко) Вапцаров и Елена Везјова, двајцата Македонци од протестантска (евангелистичка) вероисповед. Татко му, Иван (Јонко) Вапцаров, учествувал во револуционерното движење за ослободување на Македонија од турското ропство: најпрвин во Илинденското востание, потоа во изгонувањето на Турците во 1912 година, а потоа бил вклучен во братоубиствените борби меѓу одделните фракции на македонските револуционери. Мајката на Никола Вапцаров имала неколкугодишно образование во американскиот колеџ во Самоков, а потоа, извесно време работела како учителка во Македонија при што и таа се вклучила во борбата за ослободување на Македонија.
Вапцаров активно се вклучил во работничките движења и антифашистичките активности. Најмногу сепак творел со неговото перо пишувајќи бројни песни, дела, на македонски јазик.
Како соработник на воената организација на Бугарската комунистичка партија, на 4 март 1942 година, Вапцаров бил уапсен, заедно со Атанас Романов и Антон Попов, по што бил подложен на измачување од полицијата во текот на четири месеци. Заедно со поголема група антифашисти, во судскиот процес против ЦК БРП, Вапцаров бил осуден на смртна казна, без право на жалба.
на 23 јули 1942 година, во 11 часот, во присуство на најбилските, на Вапцаров и на другите осудени им била прочитана пресудата. Истата вечер, во 21 часот и 10 минути, Никола Вапцаров и Антон Попов, заедно со четворица други бугарски комунисти, биле стрелани во дворот на една софиска касарна.