Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

„22 Септември – Светскиот ден без автомобили“

Сподели

Секоја година на 22 Септември во светот се одбележува Светскиот ден без автомобили ( World car free day) со најразлични активности преку кои се потикнуваат луѓето да се откажат од автомобилите еден ден и за своите патувања да користат алтернативни начини на превоз, како јавен транспорт, велосипед или пешачење.

Овој ден се одбележува и во рамки на Европската недела на мобилност која е иницирана од страна на Европската комисија и се спроведува како кампања во периодот од 16 до 22 септември секоја година со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и промовирање на алтернативни и иновативни решенија за урбан транспорт (намалување на загадувањето и унапредување на квалитетот на живот). Оваа година темата на Европската недела на мобилност е: „Мобилност за секого“.

По тој повод ОСБСП Делчево во соработка со МВР ОВР Делчево во текот на денешниот ден спроведе превентивна активност за подигнување на јавната свест за одговорно учество во сообраќајот, во која преку непосредни средби на граѓаните – возачи на велосипед и е- тротинет им беше потенцирана важноста од управување на овие превозни средства согласно прописите. Воедно, им беа доделени едукативни флаери со совети за безбедно учество и самозаштита во сообраќајот изработени од РСБСП.

- Advertisement -

За да го подржиме Светскиот ден без автомобили и со личен пример и одговорност им покажеме на најмалите учесници во сообраќајот дека патувањата на кратки реалции може да се извршуваат и со друг вид на превозни средства освен автомобилите, Ве повикуваме на 22 септември да патувате со алтернативните начини на превоз: велосипед, тротинет или пешачење.

Пешаците, возачите на велосипед и тротинет припаѓаат во групата на ранливи учесници во сообраќајот и затоа Општина Делчево и ОСБСП Делчево АПЕЛИРА до возачите на моторни возила одговорно да учествуваат во сообраќајот и да се движат со зголемено внимание и намалена брзина покрај овие учесници во сообраќајот.

Да се потсетиме како безбедно да управуваме со велосипед, велосипед со помошен мотор и тротинет:

§  Возачот на велосипед и велосипед со помошен мотор е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека – по велосипедската патека односно лента!

§  Ако двајца или повеќе возачи на велосипед и велосипед со помошен мотор кога се движат во група се должни да се движат еден по друг!

§  Возачот на велосипед и велосипед со помошен мотор е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот!

§  Деца до 14 годишна возраст не смеат на велосипед да превезуваат други лица!

§  Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возење на патот, а ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек!

§  На велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптер со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на најмалку бочните страни!

 

§  Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст!

§  Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента и тоа со брзина не поголема од 25 км/ч, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци и тоа со брзина не поголема од 6 км/ч!

§  Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото!

§  Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото!

§  Возачот на електричен тротинет должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот!

§  На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна!

Во продолжение пополнете го Прашалникот во врска со безбедноста во сообраќајот во зоните на училиштата и градинката во Општина Делчево. ЛИНК ОД ПРАШАЛНИК

Извор:www.delcevo.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Неколку скопски села утре без струја

Скопје на патот кон модернизација: Првата подземна сообраќајница и нови кружни текови

Без вода Детската болница Козле, Кабинетот на Претседателот на РСМ, високите зони во Козле и Прижино…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Карпош: Отворен првиот центар за престој на деца со попреченост

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Достава на писмен извештај за праг за информирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови

Локално

29 декември: Премиера на Театарската претстава „Печалбари“ – локална продукција на Пионерскиот дом – Гевгелија во изведба на Драмската група „Дон Кихот“

Локално

Одбележани 80 години од смртта на народниот херој Димче Мирчев

Локално

Програма на „Бела Ноќ“ на БИТ ВЕСТ

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?