Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Дијаспора и МНМ

55 години од формирањето на македонската радио програма „Гласот од Македонија“

Сподели

3 октомври 2024 година, Торонто, Канада – Во голема сала на македонскиот православен храм “Свети Климент Охридски” во Торонто, изминатиот викенд се одржа Македонска вечер на која се одбележа 55 годишнината од формирањето на македонската радио програма “Гласот од Македонија” во Торонто, Канада.

Програмата беше збогатена со настап на Смиља Андоновска, Горан Илиев, Фана Шомова и Жаклина Марковска.
Специјален гостин на јубилејот беше Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција.

– Ми претставува огромна чест што присуствувам на одбележувањето на 55 години од формирањето на Македонската радио програма “Гласот од Македонија“ во Торонто, Канада. Овој настан е сведоштво за истрајноста, љубовта и посветеноста на Македонците во Канада кон зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја, – истакна Васил Стерјовски во поздравниот говор на Македонската вечер.

- Advertisement -

Присутните изразија голема благодарност на Драгица Белчевска, продуцент на Македонската радио програма “Гласот од Македонија” во Торонто, за нејзиниот неуморен труд и посветеност во водењето на оваа програма, која со децении ги поврзува Македонците во Канада и низ целиот свет.

Македонската радио програма “Гласот од Македонија” во Торонто претставува важен мост помеѓу Македонците, зајакнувајќи го македонскиот дух и единството на Македонците во светот.

Присутните ги поздрави и претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права во Торонто, Бил Николов кој повика на семакедонско помирување и обединување во одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ. Бил Николов потсети на положбата и правата на Македонците во Албанија наспроти бугарската агресија за нивна денационализација и манипулациите со пописните резултати во Албанија од пописот одржан во септември 2023 година.

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во Романија одбележан денот на македонскиот јазик

МАЕИ, МД „Илинден“ и градоначалникот Колефски, упатија честитка по повод новогодишните празници

Голем донаторски настан во Германија – ќе се донира за настраданите во Кочани

Во Белград вечерва се отвора за посетители Македонски културно-информативен центар

СМК го поздравуваат првиот мировен договор меѓу Русија и Украина

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

Во Тирана промовиран Фото албум „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ (ФОТО)

Дијаспора и МНМ

Прослава на Денот на македонското наследство во Детроит

Дијаспора и МНМ

Повик до Македонците во Албанија да се самоизјаснат за Македонци!

Дијаспора и МНМ

Македонците од Тирана со силна порака: „Македонскиот јазик и идентитет се историски факти!“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?