Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Од лекциите на старата до очекувањата во новата година – празнично интервју со генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ

Сподели

Разговараме со генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ за тешката година зад нас, улогата на опозицијата, борбата против корупцијата и потребата политиката да биде блиска до граѓаните – не само за празниците.

  1. Г-дин Димитријевиќ, кога ја сумирате изминатата година, кој момент Ви беше најтежок, а кој најгорд како генерален секретар на СДСМ?

А.С.Д. Година на предизвици низ кои минуваме сите заедно, но не се откажавме ни кога беше најтешко. Трагедијата што се случи во март ќе остане како најболниот момент за сите нас, нешто што го доживуваме пред сè како луѓе, а не како политичари. Таа нè потсети колку сме кршливи.  Во политичка смисла, најтежок момент беше соочувањето со новата реалност и потребата СДСМ да се реорганизира како опозициска партија. Најгорд сум на тимот и членовите кои останаа доследни на демократските вредности, проевропската ориентација и борбата против корупцијата, и покрај сите тешкотии.

  1. Што Ве научи оваа година за политиката, а што за луѓето?

А.С.Д. Оваа година уште еднаш ме потсети дека во политиката се важни упорноста и јасната визија, а кога станува збор за луѓето, дека довербата се гради со искреност. Соочувањето со предизвиците не ни дозволува да се опуштиме, затоа верувам во постојаната комуникација и отвореност кон граѓаните, која кога е искрена, секогаш има смисла.

- Advertisement -

3.Дали празниците Ви даваат простор за поинаков поглед на политичките предизвици?

А.С.Д. Празниците нè потсетуваат дека зад секоја политика стојат луѓе и нивните секојдневни грижи. Тоа дава простор човек малку да застане и да размисли што е навистина важно за граѓаните, за државата и за иднината. Токму таа тивка рефлексија помага предизвиците да се согледаат појасно и кон нив да се пристапи со повеќе внимание и емпатија.

4.Со каква порака СДСМ ја испрати старата и ја дочека новата година?

А.С.Д. СДСМ испраќа јасна порака дека и во тешки моменти остануваме доследни на вредностите што ги негувале и нашите претходници,  демократијата, солидарноста и проевропската определба. Затоа ги повикуваме граѓаните да останат активни и информирани, да ја следат нашата работа насочена кон подобрување на квалитетот на живот во државата. Во исто време, не можеме да молчиме пред погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ, кои носат неизвесност, продлабочување на сиромаштијата и назадување на државата. Токму затоа СДСМ останува гласот што нуди одговорна алтернатива и се бори за правична и достоинствена иднина за сите граѓани. И тоа ќе го покажеме уште повеќе во следниот период.

5. Што би сакале граѓаните да почувствуваат како промена од СДСМ во новата година?

А.С.Д. Да почувствуваат дека опозицијата е присутна и посветена на нивните интереси, особено во борбата против корупцијата и економските неправди. Преку антикорупциската платформа на СДСМ и соработка со граѓаните, постојано се работи на откривање и спречување на лошите политики, криминалот и корупцијата зад кои стои сегашната власт. СДСМ продолжува да делува и кога не е на власт, и граѓаните тоа го чувствуваат, со цел создавање конкретни и позитивни промени за сите.

  1. Како политиката може да покаже повеќе човечност, солидарност и емпатија, не само за празниците туку и преку целата година?

А.С.Д. Политиката може да покаже повеќе човечност, солидарност и емпатија преку вистинска транспарентност, активна работа со граѓаните и слушање на нивните проблеми. Преку воведување конкретни мерки за поддршка на ранливите категории и почитување на законите, солидарноста не останува само празнична порака или добра слика за медиумите, туку станува континуирана практика во секое донесување одлука.

  1. За време на економски и општествени предизвици, која е најважната порака што сакате да им ја упатите на граѓаните за празниците?

А.С.Д. СДСМ ќе продолжи да ги следи и критикува економските и политичките одлуки кои влијаат на животот на граѓаните и ќе работиме на проекти што носат конкретни решенија. Пораката до граѓаните е да не дозволат да бидат убедувани со празни ветувања на оваа криминална власт, особено кога економијата тоне, сиромаштијата е на највисоко ниво, а многумина ги дочекаа празниците со празна трпеза. СДСМ ќе продолжи да алармира за реалните проблеми: поскапувања, криминал, корупција, скриени договори и неодговорна власт.

  1. Како изгледаат празниците за Вас надвор од политиката – што Ви носи мир и енергија?

А.С.Д. Секогаш се радувам на празниците, сепак тоа се денови кога не може да не те заобиколи чувството на мир и спокој. Празниците ги поминувам со сопругата, семејството, блиските пријатели и луѓето кои ми се најважни. Мир ми носи искрена комуникација, време за разговори, смеа и заеднички моменти кои нè потсетуваат што е навистина важно.

9. Дали постои празнична традиција што никогаш не ја прескокнувате, без разлика на обврските?

А.С.Д. Да, секоја година ја одбележувам традицијата на семејна вечера на Бадник, кршење на лепче со паричка. Празничните мириси во домот се нешто што на сите ни е потребно ,  тоа е момент кој ги спојува сите генерации и потсетува на вредностите на заедништвото и почитта кон традицијата. Божиќното утро со кафе, традиционалниот ручек и сите заеднички моменти создаваат чувство на топлина, нешто за кое секогаш се радувам, без разлика на обврските.

10. Што си посакувате лично, а што политички во новата година?

А.С.Д. Лично ,  здравје и мир за семејството и блиските. Политички,  посакувам СДСМ да ја врати довербата на граѓаните преку искреност, одговорност и конкретни политики кои ќе ги подобрат условите за живот во Македонија.

Н. Заовска

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Од Tesla и SpaceX до Струга – Роберт Милески со визија за европска општина

Зоран Петковски: Граѓаните ќе знаат каде оди секој денар

Петар Котевски: Време е Битола да добие радикална транспарентност

Весна Поповска: Помалку изговори, повеќе резултати – време е Бутел да се исчисти и среди

Зејнеловиќ: Младите ќе останат во Тетово ако им обезбедиме перспектива за достоинствен живот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Давид Златанов: “Мојата визија за Ново Село е општина која ги комбинира економскиот развој и заштитата на природата”

Интервју

Воениот аналитичар Дарко Тодоровски за конфликтите на Блискиот Исток – ситуацијата ќе ескалира во блиска иднина

Интервју

Стојковска: Мојата визија е град на надеж, можности и достоинство за секој прилепчанец

Интервју

Добрила Андоновска: Искуството гарантира успех – континуитетот на проектите е клучен за развојот на Карпош

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?