Грешка, провокација, договор на историската комисија или нешто четврто. На статијата посветена на Димо Хаџи Димов на Википедија тој е претставен како бугарски револуционер.
Статијата е достапна на сеедум јазици, македонски, арапски, бугарски, руски, украински, германски и англиски. На сите овие јазици, освен на македонски, за него пишува дека е бугарски револуционер роден во серското село Горно Броди. „болгарский революционер и политик, журналист, активист Внутренней македонско-одринской революционной организации, Народной федеративной партии (болгарской секции) и Болгарской коммунистической партии.“ стои на статијата на Димо Хаџи Димов на руски јазик.
Ова не е прв пат на Википедија некои истакнати македонски револуционери да бидат претставени како бугарски. Претходно истото беше направено и со Гоце Делчев и низа други револуционери.