Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Мицотакис: Од 2027 година минималната плата ќе биде 950 евра и со закон ќе биде забрането да се намали
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Мицотакис: Од 2027 година минималната плата ќе биде 950 евра и со закон ќе биде забрането да се намали
Балкан

Мицотакис: Од 2027 година минималната плата ќе биде 950 евра и со закон ќе биде забрането да се намали

31.10.2024
Share
SHARE

Атина, 31 октомври 2024 (МИА) – Како што се обврзавме, перспективата е минималната плата да достигне 950 евра во 2027 година, но денеска разговараме за новиот, постојан систем на нејзино утврдување по 2027 година и за иницијативата со закон да биде забрането намалување, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека станува збор за „клучна иницијатива“, а висината на зголемувањето на минималната плата ќе се одредува според два критериуми, како што рече, од стапката на раст и подобрувањето на продуктивноста на економијата и од инфлацијата.

-Уште еднаш да потсетам дека минималната плата беше 650 евра во 2019 година, веќе е 830 евра и ќе ја исполниме нашата заложба до 2027 година да достигне 950 евра. Тоа е зголемување за речиси 50 отсто. Додека просечната заработка, од 1.036 евра, нашата цел е – и верувам дека ќе ја постигнеме, можеби и ќе ја надминеме – е да достигнеме 1.500 евра во 2027 година, односно подобрена за 45 отсто, истакна Мицотакис.

Обраќањето на владината седница грчкиот премиер го започна изразувајќи поддршка и солидарност за Шпанија по поплавите, посочи дека тоа „уште еднаш нѐ потсетува дека никој не е имун на климатската криза, но и ја истакнува улогата на цивилната заштита, правилното функционирање на бројот 112, превентивните евакуации, европската солидарност, како и заедничките акции во Медитеранот, кој, како што велат научниците е во фокусот на климатската криза“.

Ad image

Во говорот се осврна и на вчерашната средба на кипарскиот претседател Никос Христодулидис со американскиот претседател Џо Бајден, за која рече дека со оглед на тоа дека е прва по 28 години, е „важен доказ за надградбата на односите на Кипар со САД“.

Мицотакис попладнево во Атина ќе се сретне со Христодулидис.

Од Сања Ристовска/МИА

You Might Also Like

Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка

Во буџетот на Албанија минатата година се слеале 7,1 милијарда евра

Во Саранда уапсени македонски државјани поради кражба

Трагедијата во Кочани отвори дискусија во Грција за безбедноста на ноќните клубови и ги зголеми контролите

Анкета: Половина од Грците бараат предвремени избори

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?