Женева, 8 декември 2024 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) го одобри молекуларниот дијагностички тест „Ксперт МТБ/РИФ Ултра“, кој овозможува дијагностицирање на туберкулоза и тестирање на отпорност на антибиотици. Ова е прв тест од ваков вид што ги исполнува строгите стандарди на СЗО.
Туберкулозата, која годишно предизвикува повеќе од еден милион смртни случаи, останува глобален здравствен предизвик. Јукико Накатани, помошник генерален директор на СЗО, истакна дека новиот тест претставува значаен чекор во раната дијагностика и лекување на туберкулозата.
Директорот за регулатива и преквалификација на СЗО, Рожерио Гаспар, изјави дека квалитетните дијагностички тестови се темел на ефикасна грижа и превенција.
Од Сања Костовска Извор МИА