Во саботата во ресторанот “Дамил” во Москва се одржа традиционалната Втора Македонска вечер.
Додека милионите снегулки го играа својот танц во небото над Москва, стотина Македонци и гости во ритамот на македонскиот такт, со македонска музика, песни и ора, со македонска ракија и вина достојно ја прославија Втората Македонска вечер во Москва.
Студената руска зима не беше пречка Македонците во Москва да се дружат заедно со звуците на македонските евергрини како и тарабуката и армониката кои ја доведуваа славеничката атмосфера до точка на вриење. Дечињата од мешани македонско-руски бракови, со детска смеа, трчаа и играа околу масите.
Во духот на новогодишната традиција, беше организирана лотарија со богати награди поврзани со Македонија. Секако радоста беше поголема со прекрасниот огномет. Македонците во Москва имаа одлична можност подобро да се запознаат помеѓу себе за време на Втората Македонска вечер.
„Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки за организацијата на Македонската вечер, веруваме ќе прерасне во традиционална вечера на Македонската заедница во Русија.“ стои во објавата на СМК.