Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Дијаспора и МНМ

Бројките за македонското национално малцинство се манипулирани и претставуваат груб пописен фалсификат!

01.07.2024 05:51
Сподели
Македонското друштво “Илинден” од Тирана смета дека прелиминарните пописни резултати за македонското национално малцинство се манипулирани и претставуваат груб пописен фалсификат!
Македонското друштво “Илинден” од Тирана остро реагира по објавените пописни резултати, кои се однесуваат на бројот на Македонците во Албанија.
Не ги признаваме и со огорченост ги отфрламе прелиминарните пописни резултати во Република Албанија, кои ги сметаме за груб пописен фалсификат, по желба на Бугарија. Јавна тајна е дека Бугарија го контролираше пописот, што го потврдува и фактот дека во Бугарија за време на пописниот период во Република Албанија, на социјалните мрежи беа објавувани фотографии од пописните формулари како се изјаснувале жителите во Република Албанија. Овие податоци се заштитени со закон, но објавуваните материјали покажуваа дека бугарските служби имале пристап до нив!
Во име на Македонците во Република Албанија не ги признаваме фалсификуваните пописни податоци за македонското национално малцинство, и истовремено бараме од албанските институции на власта и од меѓународните организации да го сторат истото, бидејќи овие фалсификувани резултати се против уставниот поредок и европските аспирации на Република Албанија.
Македонското друштво “Илинден” од Тирана бара спроведување на нов попис, заснован на меѓународни стандарди и под меѓународен мониторинг, за да се гарантира чесен и транспарентен процес кој ќе ја одразува етничката реалност во Република Албанија.
Македонското друштво “Илинден” од Тирана истовремено од Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција на Република Албанија бара да поведе истрага не само за ИНСТАТ, туку и за сите случаи за незаконски извршена попишувачка активност од страна на попишувачите, бидејќи отворен е сомнежот во нивната улога во пописот.
Македонското друштво “Илинден” од Тирана ги повикува европските институции, кои тврдат дека се темелат на демократското однесување кон основните човекови права, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонското национално малцинство во Република Албанија!
Македонско друштво “Илинден” од Тирана ќе го информира претседателството на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) за грубиот пописен фалсификат, затгоа што во Албанија “етнички Бугари“ нема! Во ниту еден попис од 11-те претходно спроведени, ниту едно лице не се изјаснило како Бугарин. Нив ги нема на целата територија на Албанија, освен во бугарската амбасада!

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува бугарската провокација за непостоење на македонскиот јазик и македонски идентитет

Четиринаесет години постоење на македонскиот весник “Илинден“

Во Варшава прикажан проект за трагедијата на македонските деца од Егејска Македонија

16 години постоење на Македонското друштво “Илинден”-Тирана

Општина Пустец пример за транспарентност меѓу општините во Албанија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

Дијаспора и МНМ

(ВИДЕО) Градоначалникот на Лерин го забрани пеењето на македонски песни

Дијаспора и МНМ

Утре ќе се осветува камен темелникот на македонската црква во Берлин

Дијаспора и МНМ

Македонски Зелник Фест во Канада

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?