Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Куба почна да ослободува 553 затвореници
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Куба почна да ослободува 553 затвореници
Свет

Куба почна да ослободува 553 затвореници

16.01.2025
Share
SHARE

Хавана, 16 јануари 2025 (МИА) – Куба почна да ослободува затвореници еден ден откако администрацијата на претседателот Џо Бајден ја објави својата намера да ја отстрани островската држава од американската листа на држави кои го поддржуваат тероризмот, објавија американските медиуми.

Според кубанските групи за човекови права, повеќе од 10 лица осудени за различни злосторства биле ослободени во текот на денот. Некои од нив беа уапсени по учеството во историските протести во 2021 година, вклучително и 24-годишниот уметник за тетоважи Реина Јакнара Барето Батиста. Таа беше ослободена од затвор во провинцијата Камагуеј и рече дека со неа биле ослободени и осум мажи.

Во вторникот, американската влада објави дека го известила Конгресот за својата намера да ја отстрани Куба од листата како дел од договорот постигнат со посредство на Ватикан. Кубанските власти ќе ослободат некои од нив пред крајот на мандатот на Бајден на 20 јануари.

Неколку часа подоцна, кубанското Министерство за надворешни работи објави дека владата го известила папата Франциск дека постепено ќе ослободи 553 осуденици додека властите истражуваат правни и хуманитарни начини да го спроведат овој чекор. Хавана не ја споменува одлуката на САД да ја симнат од листата, туку ја поврзува со јубилејната Света година, која Католичката црква ја слави еднаш на секои 25 години.

Ad image

Кубанската опсерваторија за човекови права објави дека 18 лица се ослободени.

Според американските медиуми, можно е одлуката за отстранување на Куба од списокот на држави кои го поддржуваат тероризмот да биде сменета по инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Марко Рубио, неговиот номиниран за државен секретар, е долгогодишен поддржувач на санкциите против кубанскиот режим.

Од Марија Спасовска Извор МИА

You Might Also Like

Лавров: Раселувањето на Палестинците од Појасот Газа само ќе подметне темпирана бомба во палестинско-израелските односи

Во Москва уапсено уште едно лице вмешано во нападот во концертната сала „Крокус“

Иранските власти испратија официјален одговор на Трамп на неговото писмо

Кина ги повика своите државјани веднаш да го напуштат Судан

Кина и Индија го стопираа купувањето руска нафта за март

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?