Киев, 16 јануари 2025 (МИА) – Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди денеска изјави дека ОН побараа 3,3 милијарди долари од меѓународната заедница за помош на раселените Украинци во други земји или во татковината.
.- Не смееме да ги заборавиме луѓето. Тие страдаат, Гранди во Киев.
Тој за време на неговата посета на Украина, ги посети областите во близина на линијата на фронтот и долж границата со Русија и разговараше со премиерот Денис Шмихал.
Планот на ОН за 2025 година вклучува обезбедување помош за шест милиони луѓе во Украина, која вклучува храна, медицинска нега, засолниште, готовина и други мерки. Планот е насочен кон поддршка на ранливите групи како што се децата, старите лица и лицата со посебни потреби.
Покрај тоа, на повеќе од два милиона украински во 11 земји мора да им се обезбеди пристап до домување и здравствена заштита.
Од Марина Илиевска Извор МИА