Во организација на Егејското-македонското зружение на иселениците (EGEMAKGÖÇ) викендов се одржа традиционалниот Семакедонски појадок во кафетеријата “Аквариум” во Чигли, по повод “Денот на вљубените“.
На традиционалниот појадок присуствуваа градоначалникот на општина Чашка од Македонија, Горан Стојановски, градоначалникот на општина Чигли, Онур Емрах Јилдиз, градоначалникот на општина Тургутлу, Четин Акин и голем број Македонци од Горно Врановци кои живеат во Каршијака и Чигли.
Севим Кахја и бендот Сакобанд, еден од омилените гласови на балканската и македонската музика, на учесниците им приредија пријатни моменти со македонски песни и ора.
Градоначалникот на општина Чигли, Онур Емрах Јилдиз, во својот говор рече: “Роден сум и израснат во Чигли, вие бевте наши соседи, сите ме познавате и јас ве познавам. Пораснавме заедно. Многу сум среќен што пораснав со прекрасни луѓе од Балканот. Оттаму дојде и нашиот голем татко на нацијата Мустафа Кемал Ататурк! Многу ни е драго што ве угостивме во општина Чигли, многу сме среќни!“
Градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски ја изрази својата среќа што е тука и рече: “Почитувани сограѓани, многу сум среќен што сум овде со вас. Би сакал да му се заблагодарам на Егејското-македонското зружение на иселениците што не собра денес заедно. Тука е и нашата сестринска општина Тургутлу, нејзиниот градоначалник господин Четин Акин, ист настан општина Чашка ќе организира во јули годинава.“
Градоначалникот на општина Тургутлу, Четин Акин, исто така рече: “Како општина Тургутлу, се трудиме да ги поддржиме нашите здруженија колку што можеме. Би сакал да му се заблагодарам на Драги Наумовски за книгата што ја напиша. Исто така, мислам дека треба да бидеме во единство и солидарност со нашиот брат градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски. Би сакал да им се заблагодарам на претседателот на федерацијата Горан и на директорот на ЕГ што живее таму кои не собраа овде“.
Историчарот Драги Наумовски ја промовира книгата за историјата на македонските доселеници од Горно Врановци при што рече: “Пресреќен сум бидејќи сме заедно. Книгата за Горно Врановци ја објавивме на македонски и турски јазик како сведоштво на македонската историја, за нас оттаму во Македонија и овде во Турција.“
Претседателот на Егејското-македонското зружение на иселениците Мустафа Кемал Узункаја одржа поздравен говор: “Им благодарам на нашите градоначалници и на мојот пријател Драги Наумовски кој ја напиша книгата за Горно Врановци, бидејќи нашите корени се во Македонија, денес живееме и твориме во Турција. Им благодарам на нашите вредни сограѓани кои денес присуствуваат на овој тадиционален појадок на ‘Денот на вљубените’. Нашата цел е да бидеме и ќе останеме единствени и солидарни, затоа живееме и работиме. Ги одржуваме нашите традиции и обичаи од стари крај и овде во Турција.“
На крајот на Семакедонската средба беа доделени плакети на спонзорите и градоначалниците.