Во организација на Македонското литературно друштво “Браќа Миладиновци” при Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски” во Торонто, на 16 март, недела, во 12 часот, после богослужбата, во просторијата за состаноци ќе се одржи промоција на книги за деца.
Станува збор за четири книги во кои се содржани песни за деца напишани од членовите на Македонското литературнио друштво “Браќа Миладиновци” на македонски јазик: “Ана во село”, “Божик иде, радост носи”, “Мечтаење” и “За децата во Торонто”.
Поканети се сите деца Македонци со нивните родители или баби и дедовци. Повелете на заедничка дружба со стихови за најсаканите – децата!