Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Мексико му предало на САД 29 наркобарони, во пресрет на најавените царини
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Мексико му предало на САД 29 наркобарони, во пресрет на најавените царини
Свет

Мексико му предало на САД 29 наркобарони, во пресрет на најавените царини

01.03.2025
Share
ФОТО: mexicocity.cdmx.gob.mx
SHARE

Вашингтон, 28 февруари 2025 (МИА) – Мексико предало на САД 29 наркобарони по заканата од претседателот Доналд Трамп дека ќе воведе царини од 25 отсто за увоз на стоки од оваа земја. Наркобароните се обвинети или осудени за раководење на наркокартели, убиства и други злосторства, пренесуваат денеска дел од американските медиуми.

Меѓу екстрадираните е Рафал Каро Кинтеро – еден од основачите на картелот Гвадалахара, дилер на дрога во САД во 1970-тите и 1980-тите години кој бил во бегство од 1985 година кога наводно убил агент на американската Агенција за борба против наркотроговијата (ДЕА). Предадени се и Мартин Сотело, осомничен за учество во убиството во 2022 година на заменик-шерифот Нед Берд во градот Шарлот, Северна Каролина, како и Антонио Осегера Сервантес – лидер на Халиско, таканаречен картел на новата генерација.

Пем Бонди, главна обвинителка на САД, изјави дека членовите на картелите ќе бидат гонети „целосно строго согласно законот“. Според неа, претседателот на САД, Доналд Трамп, „јасно стави до знаење дека картелите се терористички групи“, па затоа Министерството за правда има намера „да ги уништи“.

Одлуката за масовната екстрадиција властите на Мексико ја донеле по заканите на Трамп дека ги зголемува увозните царини за мексиканските производи. Белата куќа го обвини Мексико дека не се бори доволно против нелегалната имиграција и трговијата со дрога.

Ad image

Трамп вчера изјави дека царините во висина од 25 отсто за производи што доаѓаат од Мексико и Канада треба да стапат на сила на 4 март, плус тарифите од 10 отсто за увоз на стоки од Кина. Тој го оправда ова со фактот дека дрогата од овие земји продолжува да влегува во САД.

-Продолжуваме со преговорите со Кина, Мексико и Канада. Постигнавме добро ниво на контрола врз ситуацијата со имиграцијата, но проблемот со смртните случаи од фентанил сè уште предизвикува загриженост, рече Трамп.

Од Борис Камчев, САД Извор МИА

You Might Also Like

ОН соопштија дека 2023 била најсмртоносната година за мигрантите од 2014

Во Тирана Американец ја задавил сопругата и двете кучиња и си пресудил со бесење

Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција

Врз Трамп пукано со пушка АР-15, најпродавното оружје во САД што може да се купи онлајн за 1.000 долари

Израелската војска соопшти дека нападнала команден штаб на Хамас, сместен во училиште

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?