Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Четврта Малореканска научна конференција
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Четврта Малореканска научна конференција
Култура и наука

Четврта Малореканска научна конференција

12.09.2023
Share
SHARE

Во деновите помеѓу 2 и 5 септември, Свештената Бигорска Обител ја имаше честа да биде домаќин на четвртата по ред Малореканска научна конференција, насловена „По патеките на Дичо Зограф“. Оваа угледна научна средба беше организирана со благословот на нашиот почитуван надлежен Митрополит, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј Дебарско-кичевски, под покровителство и благослов на нашиот Старец и Игумен на Бигорскиот Манастир, Преосветениот Епископ Антаниски г. Партениј, а во соработка и коорганизација со проф. д-р Сашо Цветковски.

Свечениот чин на отворање на конференцијата се одржа на 2 септември, во сечесниот храм на Светите Првоврховни Апостоли Петар и Павле, во с. Тресонче, родното место на иконата на македонското фрескосликарство и иконопис Дичо Зограф. Благословот за успешна и плодотворна работа го испрати Старецот Епископ г. Партениј, преку Високопреподобниот Архимандрит г. Доситеј, кој во таа прилика отслужи трисагија во спомен на зографот Димитар – Дичо Крстев и на другите творци на нашата духовна уметност и култура. Професорот г. Сашо Цветковски, истакнат научен соработник од МАНУ, одржа пригоден говор со кој ги поздрави организаторите и учесниците во научниот собор. На овој настан присуствуваа научни работници, студенти и членови на здружението „Брзовец“ од с. Тресонче, како и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, г. Медат Куртовски.

Во текот на следните денови, во салата за настани во Бигорскиот Манастир, беа одржани четири сесии, на кои реномирани истражувачи во областа на историјата на уметност и на архитектурата имаа свои презентации. Со свои трудови учествуваа следниве научни работници: Сашо Цветковски, Александар Василевски, Дарко Николовски, Ненад Макуљевиќ, Светлана Смолчиќ – Макулевиќ, Васил Ѓеоргиев – Ликин и Борис Марковски.

Четвртата Малореканска конференција заврши во понеделникот вечерта, со свечено доделување на сертификати за учество. Во името на владиката г. Партениј нив ги додели манастирскиот економ г. Доситеј, кој им заблагодари на сите учесници и го акцентираше значењето на ваквите научни собири за културното и историско наследство на регионот. Како општо резиме на годинешнава конференција беше нагласокот на потребата за обрнување на поголемо научно внимание на уникатниот иконостас во бигорскиот католикон, кој претставува светско ремек-дело со неизмерно уметничко и духовно значење, и како таков треба да влезе како културно наследство во УНЕСКО.

Ad image

You Might Also Like

Почнува 5. Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

„Градот ме тера да пеам“ музичка програма во Битола

Објавена програмата на 44 издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Со промоција на зборникот „Шопов на 11 јазици“, заврши 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

Денес е Светски ден на учителот – Дали оваа професија е доволно вреднувана кај нас?

TAGGED:Мала РекаТресонче
Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?