На 223 километри или на нешто околу четири и пол часа од Скопје се наоѓа Тирана. А Тирана изминатите години го направи сето она што Скопје не го направи 30 години.
Во низата бројни инфраструктурни проекти кои се извршуваат во Тирана (и Албанија генерално) е и големата обиколница на Тирана која влегува во завршна фаза. Видео од моменталната ситуација објави Еди Рама на својот профил кој напиша:
„На градилиштето на Големиот прстен на Тирана, работите продолжуваат со забрзано темпо во сите негови делови, се со цел во роковите да се заврши овој важен проект за главниот град, кој не само што ќе го олесни сообраќајот, туку ќе има значително влијание врз домаќинствата и во националната економија, зголемување на вредноста на имотот, поттикнување на развојот на претприемништвото“
Видеото можете да го погледнете во продолжение.