Поранешната фабрика „Купром“ во скопската населба Хром оди на продажба. Продажбата се однесува на пет објекти на фабриката кои во моментов се целосно напуштени.
Продажбата ќе биде по принципот на јавна набавка, а почетната цена за вкупната површина од 3.200 метри квадратни ќе изнесува ниту повеќе, ниту помалку, тукуа 0 денари.
Според последниот детален урбанистички план за овој дел од населбата Хром, на парцелата на која се наоѓа фабриката предвидени се станбени објекти.