Да денешен ден 1943 година бугарските окупациони сили од Скопје кон концентрационите логори во Полска ги транспортирале претходно прибраните македонски Евреи.
Како дел од соработката со нацистичка Германија, а согласно претходно изгласаниот и спроведен „Законот за заштита на нацијата“, Бугарија, на 11 март 1943 година започна со собирање на македонските Евреи, главно од градовите Битола, Штип и Скопје, и нивно сместување во Скопје.
11 денови подоцна, поточно на 22 март од скопскиот монопол кон Полска биле упатени 7.215 лица меѓу кои: 539 деца до 3 години, 602 деца од 3 до 10 години, 1172 деца од 10 до 16 години, 865 лица над 60 години, 250 тешко болни лица, 4 бремени жени…