Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Врз Трамп пукано со пушка АР-15, најпродавното оружје во САД што може да се купи онлајн за 1.000 долари
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Врз Трамп пукано со пушка АР-15, најпродавното оружје во САД што може да се купи онлајн за 1.000 долари
Свет

Врз Трамп пукано со пушка АР-15, најпродавното оружје во САД што може да се купи онлајн за 1.000 долари

14.07.2024
Share
SHARE

Вашингтон, 14 јули 2024 (МИА) – Истражителите заплениле пушка АР-15 по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Пенсилванија. Се верува дека оружјето било употребено во обидот за атентат, објавија Њујорк Тајмс и Вашингтон пост.

АР-15 е полуавтоматска пушка која главно ја произведува „Колт“. Пушката е речиси идентична по изглед со јуришната пушка М16 што ја користи американската војска.

За разлика од воената верзија, АР-15 не е способна за рафално пукање, но искусните стрелци сепак можат да испукаат голем број куршуми за многу кратко време.

Огнената моќ на пушката варира во зависност од моделот и производителот.

Оружјето може да се купи онлајн во САД за околу 1.000 долари.

АР-15 се покажа контроверзен во последниве децении, откако беше употребен во неколку масовни престрелки во САД. Оружјето беше забрането неколку години, но повторно стана достапно од 2004 година. Тоа е најпродаваното оружје во САД, и го поседува еден од дваесет Американци.

Активистите за поддршка на правото на поседување оружје тврдат дека милиони Американци ја користат АР-15  како ловечка пушка, за самоодбрана или на полигони за стрелање.

И покрај тоа, како што оценуваат американските медиуми, неговата употреба во обидот за атентат врз поранешниот претседател Трамп, кој се кандидира за нов претседателски мандат на изборите во ноември, сигурно ќе ја разгори дебатата за контролата на оружјето во САД.

Од Сашо Арсовски/МИА

You Might Also Like

Поранешниот британски министер за здравство Хант: Жал ми е, погрешивме за короната

Состанок на претставници на студентите во блокада и челниците на Универзитетот во Белград

Во Судан од колера во септември починаа најмалку 430 лица

Хегсет: Иран треба да одлучи дали бомбардерите Б-2 се порака до Техеран

Донели: Потрагата по преживеани од авионската несреќа во Вашингтон се одвива во тешки услови

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?