Скопје, 23 јули 2024 (МИА) – Коалицијата Вреди соопшти дека нејзините кандидати за заменици министри во како што велат „Владата на надеж и антикорупција“ ги поминале сите филтри и се подготвени да донесат опипливи и позитивни промени.
-Со гордост и длабока посветеност, коалицијата ВЛЕН соопштува дека нашите кандидати за заменик министри во Владата на надеж и антикорупција ги поминале сите филтри и сега се во собрание пред пратениците за изгласување. Овие истакнати кандидати ги претставуваат највисоките вредности на достоинство, професионализам и надеж за Албанците од Северна Македонија. Со докажано резиме на интегритет и посветеност кон јавното добро, и без никаква дамка на корупција, нашите кандидати се подготвени да донесат опипливи и позитивни промени, наведуваат од ВЛЕН во пресрет наденешната собраниска седница на која ќе се гласа за заменици министри.
Во време кога криминалот, корупцијата, коцкањето и девијантното однесување го загрозуваа нашето општество, веруваме, се ддоадава понатму, дека овие избрани поединци се клучот за вистинска трансформација.
-Владата на надеж и антикорупција е решена да гради посветла иднина за сите граѓани, промовирајќи ја правдата и еднаквоста. Посветени сме на искоренување на криминалот и корупцијата еднаш засекогаш и враќање на довербата во нашите институции. ВЛЕН е надежта на Албанците од Северна Македониј!, стои во соопштението на Коалицијата.
Собранието денеска ќе ја одржи 11. седница на која треба да бидат изгласани замениците-министри во Владата, со што целосно би се комплетирал владиниот тим.
Од Виолета Геров Извор МИА