Каракас, 29 јули 2024 (МИА) – Николас Мадуро победи на претседателските избори во Венецуела и доби трет шестгодишен мандат со освоени 51,2 отсто од гласовите, објави Изборниот совет, по кампањата извалкана со тврдењата за заплашување на опозицијата и стравувањата од измама.
Елвис Аморосо, претседател на Изборниот совет, лојален на владата, изјави дека 44,2 отсто од гласовите му припаднале на опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија, кој водеше во предизборните и во излезните анкети.
Од Златко Шумковски/МИА