Бејрут, 31 јули 2024 (МИА) – Либанскиот премиер Наџиб Микати како „очигледна агресија“ го оцени и експресно го осуди израелскиот воздушен напад на југот на Бејрут, чија цел беше официјален претставник на Хезболах, кој, како што кажа, ја избегна смртта. По нападот и специјалната координаторка на Обединетите нации за Либан, Жанин Хенис-Плашар, ја изрази својата загриженост за израелски напад врз густо населеното јужно предградие на Бејрут, во кое имаше жртви, и повика на воздржаност од Израел и либанската милитанта група Хезболах.
Либанскиот премиер ја повика „меѓународната заедница да го преземе својот дел од одговорноста, да изврши притисок врз Израел да престане со агресијата и заканите и да ги спроведе меѓународните резолуции“.
Британските медиуми пренесуваат дека Хенис-Плашарт потенцира дека нема воено решение за кризата и ги повика Израел и Либан да постигнат договор преку дипломатија за прекин на непријателствата.
Таа посочи дека е во близок контакт со клучните соговорници.
Од Сашко Димевски Извор МИА