Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Нова урбана опрема во градскиот парк Крива Паланка
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Нова урбана опрема во градскиот парк Крива Паланка
Локално

Нова урбана опрема во градскиот парк Крива Паланка

31.07.2024
Share
ФОТО: Општина Крива Паланка
SHARE

Крива Паланка, 31 јули 2024 (МИА) – Во градскиот парк во Крива Паланка е поставена нова урбана опрема, нови дваесет клупи за седење и десет стилизирани корпи за отпадоци.

-Градскиот парк и плоштадот се место каде што граѓаните од сите возрасти можат да уживаат и да се рекреираат, особено во периодот на летните денови кога и програмата на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата“ и „Кривопаланечко културно лето“ нудат голем број настани што се реализираат на градскиот плоштад и летната сцена. Во паркот минатата недела за дечињата и најмладите жители на општината беше уредено ново детско катче со мултифункционален детски реквизит, а во рамки на проектот што се реализираше на површина од околу 180 метри квадратни, поставена е и урбана опрема. Поставени се нови 20 клупи, надополнувајќи го капацитетот за одмор, релаксација и уживање во прекрасниот амбиент на паркот, а за одржување на високото ниво на хигиена поставени се и нови десет корпи за отпадоци, велат од Општината.

Опремата е поставена во склоп на проектот за уредување детското катче со вкупна вредност од 2.100.000 денари, финансии обезбедени од Буџетот на општината преку Развојната програма на Општина Крива Паланка за 2024 година, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Постојните дваесет клупи за седење што беа демонтирани од градскиот парк се поставени долж мајор коритото на Крива Река, во кејот, по течението на реката.

Ad image

-Со ова локалната самоуправа на општината ги продолжува заложбите за модерна, урбана и уредна општина, нагласија од Општината.

Од Ирена Белешковска, Крива Паланка Извор МИА

You Might Also Like

Општина Карпош ќе ги отстранува хаварисаните возила

Дојран: Интензивни градежни работи на новата Пречистителна станиц

Герасимовски со младите на Центар во кампања за совесно возење и промоција на субвенции за возачки дозволи

„Велешко лето“ 2024 со богата програма за сите вкусови

Десетгодишно дете повредено на ногата поради напад од бездомно куче

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?