Киев, 8 август 2024 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето секојдневно обраќање до своите сонародници порача дека Русија мора да ги почувствува последиците од војната, пренесоа француските медиуми.
-Русија ја донесе војната во нашата земја и мора да ги почувствува последиците од тоа, рече Зеленски. Но, како и во неговото вчерашно обраќање, тој не ја спомена конкретно инвазијата на украинската војска во руската област Курск.
Во исто време, Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека го следи развојот на настаните околу нуклеарната централа Курск и ја следи ситуацијата, пренесоа руските медиуми.
Од Марија Спасовска/МИА