Скопје, 12 август 2024 (МИА) – Земјотрес со локална магнитуда од 2.4 степена по Рихтер е регистриран утрово во 04 часот и 48 минути чиј епицентар припаѓа на подрачје Делчево – Берово, 124 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата.
Од Даниела Маркоска-Алексовска/МИА