Пекинг, 16 август 2024 (МИА) – Кина денеска најави дека во следните шест месеци ќе ги тестира луѓето кои влегуваат во земјата за мпокс (т.н.мајмунски сипаници).
Секој што ќе влезе во Кина од земји со случаи на мпокс, оние кои стапиле во контакт со заразени лица или тие симптоми ќе бидат тестирани. Исто така се предвидува возилата, стоките и другиот увоз од подрачја со мпокс да се дезинфицираат.
Светската здравствена организација (СЗО) пред два дена прогласи глобална вонредна состојба за јавно здравје поради новата варијанта на мпокс во Африка. Додека во Шведска е забележан првиот потврден случај надвор од Африка на новиот сој на мпокс.
Мајмунските сипаници се вирусно заболување кое предизвикува осип со меурчиња. Се пренесува преку физички контакт со заразени лица или животни, како и преку контакт со контаминирани материјали. Иако повеќето пациенти целосно оздравуваат, болеста може да биде опасна за деца, бремени жени и лица со ослабен имунитет. Според СЗО случаите на мајмунски сипаници се присутни во 13 африкански држави.
Од Марина Илиевска Извор МИА