На денешен ден 1943 година Албанската партизански одред „Хаџи Љеш“ и Малесиската партизанска чета на народноослободителната војска на Југославија ја разоружале италијанската дивизија „Фиренца“ во Дебар и го ослободиле градот. Запленети се поголемо количество оружје и една радиостаница.
Овој период партизаните од мешан етнички состав активно учествувале во ослободувањето на Западна и Југозападна Македонија што влијаело и врз ослободување на градови во сега пограничниот регион на Албанија со Македонија.