Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: На денешен ден 885 год. умрел и бил погребан Свети Методиј
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » На денешен ден 885 год. умрел и бил погребан Свети Методиј
Македониум

На денешен ден 885 год. умрел и бил погребан Свети Методиј

06.04.2024
Share
SHARE

На денешен ден 885 година во Велиград, Велика Моравија умрел Свети Методиј.

Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на старословенски најпотребните богослужбени книги и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители, Кирил и Методиј станаа најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура.

Со само 20 години Методиј, син на богатото семејство на Лав и Марија, многу млад се стекнал со слава во византиската армија и веќе бил познат и на царскиот двор во Цариград. Бил споредуван со Самсон (според силата) и Исус Навин (со решителноста) која ја имал на бојното поле и бил награден од царот со војводски чин и го именувал за кнез во брегалничката област во 845 година.

Ad image

Брегалничката мисија на Методиј била да воспостави ред и да го наметне духовното и кулутурното влијание на Византија кај Словените – Струмјани, од источните краеви на Македонија.

Најмалиот брат на Методиј бил Константин. Константин се втурнал во водите на филозофијата, лингвистиката и мисионерството.

Постариот брат Методиј (825-885), според византиските обичаи, требало да го следи животниот пат на својот татко. За тоа бил даден да се школува во училишта во кои слушателите главно се здобивале со воени знаења и се подготвувале за стекнување високи световни кариери. Методиј бил физички добро граден а покрај тоа и доста мудар. Тоа му овозможило уште на млади години да ги совлада воените вештини. По завршувањето школувањето исполнувал воени должности во рамките на солунската област. Како храбар воин уште млад стекнал голема воена слава. На дваесет годишна возраст бил удостоен од византискиот цар со војводски чин и како таков во 845 година бил испратен да управува со „Словенското кнежевство“ чиешто средиште го сочинувале струмичко-брегалничките краишта.

Методиј го управувал словенското кнежевство 10 години, од 845 до 855 година. За местоположбата на ова словенско кнежевство постојат повеќе хипотези, меѓутоа најблизу до вистината е дека истото се наоѓало во струмичко-брегалничкиот регион, каде во близина на денешното село Крупиште кај Штип се наоѓал град Равен каде веројатно и било седиштето на кнежевството. Во Методиевото кнежевство живееле Струмјаните, кои биле доста немирни. Со испраќањето на Методиј за нивен управител Византија сметала дека тие ќе бидат смирени и претворени во мирни поданици, а тој имал можност и прилика да го запознае нивниот бит, нискиот степен на просветеност и паганските обичаи.

You Might Also Like

38 години од смртта на Ристо Шишков

Сеќавање: 21 година без Ѓорѓи Колозов

На денешен ден Григор Прличев ја доби наградата за „Сердарот“

На денешен ден роден бил Арсениј Јовков – македонски револуционер, киносценарист и публицист

Говорот на Никола Карев: Браќа и Сестри Македонци! (ВИДЕО)

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?