Вашингтон, 21 септември 2024 (МИА) – Изборната комисија на американската сојузна држава Џорџија одобри нова регулатива со која се бара од канцелариите рачно да ги бројат гласачките ливчиња за претседателските избори на 5 ноември во југоисточната американска држава каде Доналд Трамп го оспори неговиот пораз во 2020 година.
Поради тесната разлика од само 12.000 гласови што го одвои од демократот Џо Бајден пред четири години, Трамп, кој повторно се кандидира за Белата куќа, побара неколку пребројувања. Тој се уште не го признал тој пораз.
Според прописите, покрај машинското броење на гласовите, предвидено е и рачно пребројување, што може да го одложи објавувањето на резултатите во оваа клучна држава за претседателските избори во САД.
Целта, како што стои во текстот усвоен со три гласа „за“ и два „против“, е „да се гарантира безбедно, транспарентно и точно пребројување“.
Од Златко Шумковски/МИА