Скопје, 23 септември 2024 (МИА) – Земјотрес со локална магнитуда од 3.4 Рихтерови степени со епицентар во скопското подрачје ноќеска во 2.02 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираше Сеизмолошката опсерваторија.
Од Хатка Смаиловиќ Извор МИА