Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за малициозна ја смета изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев за агенцијата БТА по предлогот на унгарскиот премиер и претседавач со Европската Унија, Виктор Орбан дека “нема потреба од посредништво во разговорите меѓу Скопје и Софија за продолжувањето на преговорите”, истовремено потсетувајќи дека “преговорите помеѓу Бугарија и Македонија завршија во јули 2022 година со потпишувањето на билатералниот протокол за договорот за добрососедство”.
СМК и натаму бара итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и на Протоколот за спроведување на Договорот од 17 јули 2022 година во кој се содржани сите идентитетски, образовни и историски барања на Софија за негација и асимилација на Македонскиот народ во спротивност со меѓународното право.
СМК бара отфрлање на француската предлог-Преговарачка рамка за Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската Унијар од 23 јуни 2022 година, наводно корегирана на 30 јуни 2022 година.
СМК отфрла впишување на етнички Бугари во Уставот на државата Македонија, бидејќи етнички Бугари во Македонија, Албанија и Косово нема!
СМК смета дека софискиот врховизам не е етничко туку геополитичко прашање и претставува сервилност на определена номенклатура која во отсуство на доверба од македонскиот електорат, мандат за власт во Македонија бара од Софија.
СМК ја признава бугарската нација како политичка нација со своја културна идентификација, не се меша во корените на Бугарите во Татарстан, Кина и Моголија, но најостро ги отфрла бугарските територијални претензии и грубото мешање на Софија во внатрешните работи на државата Македонија!
СМК потсетува дека сите во државата Македонија се еднакви во правата и слободите пред Уставот и законите, независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалниот статус, општествената положба и политичката припадност.
СМК и натаму бара итно и безусловно еднострано распуштање на меѓувладината македонско-бугарска комисија за ревизија на македонската историја.