Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Амбасадата на САД по полициската акција во северно Косово: Продолжува влошувањето на односите на Приштина со Вашингтон

Сподели

Приштина, 31 август 2024 (МИА) – Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово упати остри критики на вчерашната акција на полицијата на Косово за затворање на објектите користени од локални институции управувани од властите во Србија во косовските општините на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во реакцијата се вели дека САД ја повторуваат нивната загриженост и разочарување од „континуираните некоординирани акции на Владата на Косово кои продолжуваат да имаат директен и негативен ефект врз припадниците на етничката српска заедница и другите малцински заедници во Косово“.

Од амбасадата забележуваат дека вчерашната акција не била координирана со ниту еден елемент на меѓународната заедница и нагласуваат дека прашањата поврзани со структурите поддржани од Србија во Косово треба да се решат преку дијалогот со посредство на Европската унија.

- Advertisement -

Американската амбасада порача дека таквите акции на северот на земјата го зголемуваат влошувањето на партнерството меѓу Владата на Косово и САД и „непотребно ги ескалираат регионалните тензии“.

„САД и нашите меѓународни партнери постојано бараат од Владата на Косово да ја има за приоритет координацијата со меѓународната заедница и да не презема еднострани дејствија за прашањата на агендата на дијалогот олеснет од ЕУ. Неуспехот на Владата на Косово да одговори на овие барања е одраз на вистинско и растечко влошување на нашето партнерство. Како што претходно нагласивме, некоординираните акции на Владата на Косово ги ставаат во поголем ризик граѓаните на Косово и војниците на КФОР, непотребно ги ескалираат регионалните тензии и го поткопуваат угледот на Косово како доверлив меѓународен партнер“.

Амбасадата на САД ја истакна поддршката што со години ја дава на косовската полиција и нагласи дека нејзината континуирана инструментализација од страна на Владата за спроведување некоординирани дејствија не е во согласност со ветувањето за продолжување на консултациите и координацијата со меѓународната заедница.

„Постапките на Владата ќе влијаат и на квалитетот и природата на нашата соработка со Министерството за внатрешни работи и неговите подредени елементи“, се вели во реакцијата на американското дипломатско претставништво во Приштина.

Од Илир Ајдини/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор

Венецуелските власти со рестрикции за движење на дипломати од француската, италијанската и холандската амбасада

Главниот осомничен сакал да влезе со својот автомобил меѓу луѓето на концертот на Тејлор Свифт

Американ ерлајнс го продолжи суспензијата на летовите до Тел Авив до 29 март

Интересот на јапонските компании за Србија расте

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Свет

Италија: Луксузен производител на обувки под истрага за експлоатација

Свет

Фон дер Лајен: Путин покажа дека не сака мир

Свет

Европратеници лобираат за укинување на промената на сметање на времето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?