Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

Анализа: Компании изгубија милијарди поради царините на Трамп

31.05.2025 08:34
Сподели

Њујорк, 30 мај 2025 (МИА) – Трговската војна на претседателот Доналд Трамп ги чинеше компаниите повеќе од 34 милијарди долари загуба на продажба и зголемени трошоци, а се очекува таа сума да се зголеми бидејќи продолжената неизвесност околу царините го парализира донесувањето одлуки во некои од најголемите светски компании, јавија американски медиуми. Тие пренесоа анализа на Ројтерс во која с евели дека низ САД, Азија и Европа, големите компании, вклучувајќи ги Епл, Форд, Порше и Сони, ги повлекоа или ги намалија своите прогнози за профит. Огромното мнозинство велат дека непредвидливата природа на трговската политика на Трамп го оневозможила прецизното проценување на трошоците.
Според анализата загубата од 34 милијарди долари е збир на проценки за 32 компании од американскиот индекс S&P 500, три компании од европскиот STOXX 600 и 21 компанија од јапонскиот Nikkei 225, но економистите веруваат дека трошоците за бизнисите веројатно ќе бидат многу пати повисоки отколку што компаниите досега открија.

„Може да се удвои или дури и тројно, но загубите во секој случај ќе бидат многу поголеми отколку што повеќето луѓе сфаќаат“, рече професорот на Јеил, Џефри Соненфелд, кој предупреди дека последиците би можеле да бидат многу полоши, наведувајќи го потенцијалот за пониска потрошувачка и деловна потрошувачка и повисоки инфлаторни очекувања.

Иако неодамнешната пауза во кинеско-американската трговска војна и одложувањето на царините за Европската унија донесе одредено олеснување, се уште не е јасно како ќе изгледаат конечните трговски договори. Стратезите велат дека во оваа ситуација, компаниите ќе се обидат да ги зајакнат синџирите на снабдување и да дадат приоритет на новите пазари, но тоа ќе ги зголеми трошоците.

Банер Банер BrandEcho

Поради многу неизвесности, компаниите не можат да бидат сигурни за конечните трошоци. Како што сезоната на корпоративни приходи се приближува кон крајот, во анализата се открива дека најмалку 42 компании ги намалиле своите прогнози, а 16 ги повлекоа или ги суспендираа своите цели.

Овој месец, Волмарт одби да ја објави својата квартална прогноза за профитот и објави зголемување на цените, што предизвика критики од Трамп.
Волво Карс, еден од европските производители на автомобили најизложени на американските царини, ја повлече својата прогноза за заработка за следните две години, а Јунајтед Ерлајнс издаде две различни прогнози, нагласувајќи дека е невозможно да се предвиди макро-окружувањето оваа година.

Ad image

Трамп тврдеше дека царините ќе го намалат трговскиот дефицит на САД и ќе ги охрабрат компаниите да се преселат во САД, а воедно ќе ги принудат некои земји, како што е Мексико, да го спречат протокот на нелегални имигранти и дрога во САД.

Од Златко Шумковски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Тајван: Економски бум или само илузија?

Оксфам: Богатството на милијардерите расте се побрзо

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

Кина во златна ера на бакар: Рекордна производствена експлозија

Европска енергетска зависност: Кои земји сè уште се потпираат на Русија?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Шведска бара строги санкции против Русија: Забрана за услуги на руски танкери

Бизнис и Економија

Кина и Британија ги обновуваат економските преговори по шест години

Бизнис и Економија

Европа на пат кон независен систем за електронско плаќање

Бизнис и Економија

Македонски компании од прехранбениот сектор на саем во Словенија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?