Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Бизнис и Економија

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

14.03.2024 07:01
Сподели

Државата ја заокружи финансиската конструкција за реализација на проектот за изградба на Гасен интерконектор со Грција со обезбедување 98,6 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Денеска во Собранието беше усвоен Законот за гаранција на  РС Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу АД НОМАГАС  и Европската банка за обнова и развој.

-Проектот за регионална гасификација е од стратешко значење за Република Северна Македонија. Обезбедува сигурност во снабдувањето и диверзификација на изворите на снабдување, а со тоа ја зголемува и нејзината енергетска независност. Дополнително влијание ќе има и врз обезбедувањето забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, вели министерот за финансии Фатмир Бесими и додава дека станува збор за еден од најприоритетните проекти за земјата, како и за регионот и дека тој е поддржан од сите релевантни европски институции.

Тој додаде дека ова е дел од инвестицискиот пакет за реализација на крупни инфраструктурни проекти во наредниот период, како во патната, железничката инфраструктура, енергетиката и слично.  Тие се моторот на развојот за обезбедување одржлив раст.

Банер Банер BrandEcho

За реализација на проектот се обезбедени 28,9 милиони евра заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ), грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан -БВИФ во износ од 12,7 милиони евра и од ЕБОР 98,6 милиони евра.

Со проектот е опфатена изградба на  интерконекторот со Грција (66 км) и двете делници: – делница Гостивар – Кичево (34 км) – делница Свети Николе – Велес (28 км).  Имплементатор на проектот е НОМАГАС АД Скопје.

По усвојувањето на Законот за гаранција од страна на Собранието  ќе биде потпишан Договор за гаранција, меѓу Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за финансии и ЕБОР,  Договор за заем, меѓу НОМАГАС АД Скопје и ЕБОР, како и  Договор за регулирање на меѓусебните права и обврски меѓу Министерството за финансии и НОМАГАС АД Скопје.

Од Даниела Маркоска-Алексовска Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Годишна конференција на Македонска берза

Турската авиокомпанија со Рекорден профит од 2,7 милијарди долари во 2025 година

Google се соочува со притисок од работниците поради имиграционата политика на САД

Народна банка на Србија: Златните резерви на Србија се зголемени за повеќе од половина тон

Кина доминира на глобалниот пазар на батерии: Што значи тоа за иднината на автомобилската индустрија?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

САД: Инфлацијата во септември порасна на 3%, но под очекувањата

Бизнис и Економија

Кина ја презема Пума: Што значи оваа аквизиција за спортската индустрија?

Намалени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Бизнис и Економија

Доларот продолжува да ослабува: Очекувања за намалување на каматните стапки во септември

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?