Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Антoни Блинкен: Синвар е клучен за примирјето во Газа

Сподели

Вашингтон, 7 август 2024 (МИА) – Новиот лидер на Хамас Јахја Синвар останува клучен фактор за склучување примирје во Појасот Газа, изјави државниот секретар на САД, Антони Блинкен.

– Преговорите за ослободување на заложниците во Газа се во завршна фаза, и од клучно значење е засегнатите страни да работат на завршување на договорот што е можно побрзо, изјави Блинкен по синоќешната средба со американскиот министер за одбрана Лојд Остин и нивните австралиски колеги во Анаполис, Мериленд.

Блинкен и Остин разговараа со австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг и министерот за одбрана и вицепремиер на земјата Ричард Марлс во комплексот на американската поморска академија.

- Advertisement -

Радикалното палестинско движење „Хамас“ синоќа соопшти дека Синвар, кој е водач на групата во Појасот Газа, е именуван за шеф на целата организација на местото на Исмаил Ханија, кој беше убиен минатата недела во иранската престолнина Техеран.

– Ги контактиравме Израел и Иран директно за прашањето дека никој не треба да ја подига тензијата на Блискиот Исток. Сите во регионот мора да разберат дека понатамошните напади само ќе го продлабочат конфликтот, нестабилноста и неизвесноста за сите, рече првиот американски дипломат.

– Од исклучителна важност е сите страни да работат на финализирање на договорот што е можно поскоро, рече тој, истакнувајќи дека американскиот претседател Џо Бајден претходно истиот ден разговарал со катарскиот Амир Шеик Тамим Бин Хамад ал Тани и египетскиот претседател Фатах Ел-Сиси. Двете земји беа главните посредници за постигнување договор.

– Постои договор за рамката. Она на што работевме во последните неколку недели се важни детали за тоа како всушност ќе се спроведува, рече Блинкен. „Имаше некои работи за кои требаше да се преговара во тој процес“ и работата на тоа продолжи во последните недели.
„Ова е навистина време за сите вклучени страни да го затворат ова прашање“, рече Блинкен. Не треба да има одложувања. Нема оправдувања. Нема причини зошто не можеме да направиме нешто“, истакна шефот на американската дипломатија и  ги повика Израел и Хамас „да се фокусираат на тоа да стигнат до „да“.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Тоа што не го може Скопје го може Тирана

Зеленски: Можни се преговори со Русија, но само со безбедносни гаранции од САД и Европа

Словенија забележа рекорден раст во железничкиот превоз на патници

Британски војник осуден над 14 години затвор поради шпионажа во корист на Иран

Радев: Категорично сум против испраќање бугарски војници во Украина

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Пентагон ги прекина сите објави на социјалните мрежи

Лавров: Израелските напади врз Појасот Газа се колективна казна за цивилното население

Свет

Панама ќе ги повлече дипломатите од Венецуела и ќе ги прекине дипломатските односи

Зеленски: Украина подготвува уште четири нови безбедносни договори

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?