Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Апелација ги зголеми казните за обвинетите во случајот „Ласкарци“

08.05.2025 19:25
Сподели

По шест години судска постапка, трагичната несреќа кај селото Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а 38 беа повредени, конечно доби правосилен судски епилог. Апелациониот суд денеска ја објави пресудата со која ја прифати жалбата на Јавното обвинителство и им изрече повисоки казни на дел од обвинетите.

Сопственикот на транспортната компанија „Дурмо Турс“, кој е и првообвинет во случајот, доби зголемена затворска казна од 4 на 10 години. Идентична казна доби и второобвинетиот Ремзи Мифтари, чија првостепена казна беше 6 години затвор. Третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски, раководител на техничкиот центар „АМЗ Гостивар“, и четвртообвинетиот Горан Дуковски, контролор, добија зголемени казни од 5 на 7 години затвор.

Обвинителството не побара измени за петтиот и шестиот обвинет – техничкиот контролор Јане Бабаровски останува со 5 години затвор, додека возачот на автобусот останува осуден на 14 години затвор, што беше највисоката казна во случајот.

Банер Банер BrandEcho

Пресудата е правосилна и обвинетите треба да бидат префрлени во затвор за издржување на казните. Сепак, тие имаат право да поднесат барање за вонреден правен лек пред Врховниот суд.

Според судскиот наод, автобусот кој се преврте на 13 февруари 2019 година бил технички неисправен. Обвинетите не ги испочитувале законските обврски за безбедност, а сопирачките не ги задоволувале ни минималните стандарди. Утврдено е и дека во возилото бил вграден манипулативен тахограф со цел да се прикрие вистинската брзина. Возачот ја предизвикал несреќата поради преголема брзина и небрежност.

Ad image

Во текот на јавната расправа, сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и бараа случајот да се врати на почеток, тврдејќи дека има суштински повреди во постапката и погрешно утврдени факти. Сепак, Апелациониот суд го отфрли нивното барање.

Несреќата кај Ласкарци останува една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија. Освен болката и загубата, семејствата на жртвите со години го носеа товарот на бавната правда. „Го загубив брат ми Зоран. Оваа пресуда значи нешто, но ништо не може да го врати,“ изјави Горан Давидовски, брат на еден од настраданите, кој со години беше активен во барањето правда.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Од 23 јули до почетокот на август „Скопје вибрира“ со изложба, музика, филм

Беснее пожарот во Гари, единствен спас интервенција од воздух

23 години од масакрот кај Љуботенски Бачила – 23 години нема одговорност!

Europ’ Raid– Петта година по ред во Крива Паланка

На денешен ден 2002 година амнестирани Али Ахмети, Велиу и Шаќири

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

84 години од штрајкот на велешките гимназијалци

Хроника

Дете возело автомобил и удрило во столб – еден со тешки повреди

Локално

НЕВЕРОЈАТНО! УЈП го тужел за долг од 0,22 денари

Македонија

Делови од Скопје и повеќе градови денес без струја – ЕВН најави планирани прекини

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?