Делови од Скопје и повеќе градови денес без струја – ЕВН најави планирани прекини

ЕВН Македонија информира дека денес (13 февруари) ќе има повеќе планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија поради технички интервенции и зафати на електродистрибутивната мрежа.

Прекините ќе опфатат делови од Скопје, Струмица, Куманово, како и повеќе села во источниот и западниот дел од земјата. Од компанијата апелираат граѓаните навреме да ги испланираат своите активности и да ги заштитат електричните уреди.

Скопје – Шуто Оризари (09:00 – 15:00)

Без електрична енергија ќе бидат:

  • ул. Тиквешка
  • ул. Нов Живот
  • ул. Индира Ганди
  • ул. Брсјачка Буна
  • ул. Овчеполска
  • ул. Пелагонија
  • ул. Демирхисарска
  • ул. Злетовска
  • Слан Дол
  • ул. Хаџи Јован Шишков

Струмица (09:00 – 11:00)

  • дел од бул. Гоце Делчев
  • корисници околу поранешната бензинска „Национал“

Кавадаречко / Неготинско (09:30 – 14:30)

  • с. Горни Дисан
  • с. Вешје
  • с. Барово

Источен регион (08:30 – 14:30)

  • с. Нивичани
  • с. Пантелеј (вклучително и манастир „Св. Пантелејмон“)
  • с. Рајчани

Куманово (08:30 – 13:00 / 10:00 – 13:00)

  • населба Карпош (ул. 100 и 210)
  • населба Перо Чичо
  • месност Гладно Поле

Полошки регион

  • с. Дебреше (09:30 – 15:00)
  • Желино (06:30 – 07:30) – дел од објекти кон Сиричино и индустриски капацитети
  • Боговиње (09:00 – 14:00) – дел од селото од центарот кон автопатот

ЕВН појаснува дека прекините се дел од редовното одржување на мрежата со цел подобрување на сигурноста во снабдувањето.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава