Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

„Арселор Митал“ најави отпуштање на 600 работници во Франција

30.04.2025 00:43
Сподели

Брисел, 28 април 2025 (МИА) – Гигантот во челичната индустрија „Арселор Митал“ најави дека ќе отпушти 600 работници од седум свои погони во северна Франција, како дел од планот на компанијата за укинување на 1.400 работни места во фабриките низ цела Европа.

Ваквата одлука на компанијата предизвика жестока реакција на синдикатите кои обвинуваат дека компанијата планира да го пренасочи производството во Индија и Бразил за да обезбеди помали производни трошоци.

– Ова е нокаут, ова е касапница, изјави генералниот секретар на француската Генерална конфедерација на трудот (ЦГТ), Гаетан Лекок.

Банер Банер BrandEcho

Според Лекок, „Арселор Митал“ сака да се повлече од европскиот континент и да произведува челик во Бразил и Индија, каде маржите на профитот се многу повисоки отколку во Европа.

Претставник на синдикатот во изјава за париски „Монд“ тврди дека околу 200 работни места во помошните сектори на компанијата, како човечки ресурси, набавки, маркетинг и ИТ, ќе бидат „префрлени“ во Индија, додека останатите 400 „едноставно ќе бидат укинати“.

Ad image

Ваквата одлука „Арселор Митал“ ја образложи со преземените „мерки за преструктуирање“, чија цел е прилагодување на новиот пазарен контекст и обезбедување конкурентност на компанијата.

Првиот човек на француската филијала на „Арселор Митал“, Ален Ле Гри де ла Сал уште во јануари изјави дека компанијата е погодена од „длабоката криза“ со која се соочува европската челична индустрија, предизвикана од „прекумерното ниво на увоз“ на челик во Унијата, растот на цените на енергијата и неефикасноста на Механизмот на ЕУ за прилагодување на нивото на јаглерод (CBAM).

Сето ова, според Ле Гри де ла Сал, ја прави европската челична индустрија помалку конкурентна во однос на производните капацитети во Азија и Америка.

– Кинескиот челик пристигнува во Европа по цени пониски од нашите трошоци за производство, рече Ле Гри де ла Сал, посочувајќи дека околу 10 проценти од цената на европскиот челик отпаѓа на трошоци поврзани со прилагодувањето на челичарниците во ЕУ на правилата од СВАМ.

Соочена со кризата во челичната индустрија во ЕУ, Европската комисија минатиот месец објави план за спас на индустријата за челик и метали во блокот, кој меѓу останатото предвидува заштитни мерки за европскиот челик, обезбедување на енергија за индустриските корисници по „прифатливи“ цени, како и преразгледување на одредбите на механизмот CBAM.

На одлуката на „Арселор Митал“ за укинување на 600 работни места реагираше извршниот потпретседател на Европската комисија за просперитет и индустриска стратегија, Французинот Стефан Сежурне, кој во објава на Икс порача дека мерките што ги презема ЕК се во согласност со барањата на „Арселор Митал“ за одржување на неговите производствени погони во Унијата.

Европратеникот Кристоф Грудлер од редовите на француското либерално Демократско движење (МОДЕМ), пак, обвини дека најавата за отпуштања, „Арселор Митал“ ја користи како средство за преговори за поголеми отстапки.

– Ако „Арселор Митал“ не го интересираат плановите што ги иницира ЕУ, компанијата тоа треба јасно да го каже, рече Грудлер.

Во Франција веќе се појавија предлози за „национализација“ на „Арселор Митал Франс“ со цел да се зачуваат работните места во челичната индустрија, но францускиот министер за индустрија и енергетика Марк Ферачи ја отфрли таквата идеја.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
NEW
Планирани прекини на електрична енергија
Приказ на планирани и непланирани прекини на електрична енергија
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Долар на крстопат: Краткотраен опоравок или нов пад?

Зголемен број на барања за надоместок за невработеност во САД

Светска банка инвестира 70 милијарди долари во Африка

Работниците во фабриките на Форд во германскиот град Келн ќе штрајкуваат за прв пат

Пад на американската економија во првиот квартал од 2025 година

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Nvidia: Рекорден раст, но акциите не реагираат!

Бизнис и Економија

Германскиот Bosch најавува укинување на 20.000 работни места

Бизнис и Економија

Венецуела потпиша нови договори за снабдување со нафта за САД: Деталите за партнерите остануваат непознати

Бизнис и Економија

Француските обврзници на најниско ниво во два месеца

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?