Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Патување

Авиолинија Скопје-Крф од 1 јуни со Ејџијан Ерлајнс

Сподели

Скопје, 2 април 2024 (МИА) –  Директна сезонска авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Аеродромот Крф  ќе биде воведена од 1 јуни годинава. Патувањето до оваа  летна дестинација ќе трае еден час и 15-тина минути, објави денеска ТАВ Македонија, операторот на македонските аеродроми.

На линијата Скопје-Крф ќе лета грчката национална авиокомпанија Ејџијан Ерлајс, до крајот на септември, со две неделни фреквенции, или секојa сабота (недела) и секој вторник (среда).

Времето на поаѓање, во сабота и вторник, од скопскиот аеродром ќе биде во 21:35 часот (локално време), а времето на пристигнување на аеродромот во Крф во 23:50 часот (локално време), додека времето на поаѓање, во недела и среда, од аеродромот во Крф ќе биде во 00:20 часот (локално време), а време на пристигнување на скопскиот аеродром во 00:30 часот (локално време).

- Advertisement -

-Како аеродромски оператор, ние сме пресреќни што го најавувавме воведувањето на новата сезонска авиолинија на AEGEAN што ќе го поврзе Скопје со Крф, од 1 јуни. По Атина и Сараево, директниот лет до Крф ќе биде третата дестинација што AEGEAN ја воведува од Меѓународниот Аеродром Скопје. Оваа нова авиолинија за рекреативен туризам е доказ дека партнерството и соработката со AEGEAN продолжува со проширување на поврзаноста на Скопје. Оваа авиолинија ќе обезбеди леснотија и удобност за нашите патници кои сакаат да стигнат до еден од најатрактивните грчки острови како нивна дестинација за одмор, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Претставниците на ТАВ Аеродроми потенцираат дека оваа нова сезонска авиолинија дополнително ќе го збогати портфолиото на Меѓународниот Аеродром Скопје и мапата на мрежата на авионски конекции, особено што, како што истакнуваат, Крф е атрактивна летна дестинација до која сега може да се стигне за само еден час и 15-тина минути.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ги заврши јануари и февруари 2024 со  243.244 патници на двата македонски аеродром – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што претставува пораст од 47 проценти споредено со јануари и февруари 2023 година. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома во првите два месеца е 1.931, со 38 проценти годишен пораст.

Од Лидија Велковска Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Портовенере во 9 минути (ВИДЕО)

Кои се „најздодевните“ патници?

ОН: Туризмот во светот се врати на нивото од пред пандемијата со Ковид-19

Македонците ги одбраа – најпопуларните летни дестинации за 2024 година

Успешен пробниот период за наплаќање влез во Венеција

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Патување

Патувања што вреди да се планираат: дестинации кои треба да се посетат следната година

Патување

Шпанија лани беше домаќин на рекордни 94 милиони странски туристи

Патување

Евтини, а необични хотели ширум Европа

Патување

Најскапите лежалки на плажа се наоѓат во Италија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?