Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Патување

Евтини, а необични хотели ширум Европа

25.08.2024 09:22
Сподели

Стокхолм, 22 авгyст 2024 (МИА) – Ограничениот буџет за патување не мора да значи здодевно сместување, вели стручњакот за патувања Џил Мекелрој. Таа открива пет од можеби најчудните европски „одморалишта“, со прилично евтин престој, пишува Дејли мејл (Daily mail).

Затворот „Кароста“ кај Лиепаја, Латвија

За првoтo одморалиште од листава, Џил пишува: „Дали некогаш сте посакале да ја доживеете Вашата последна ноќ на слобода? Па, затворот-хотел во Латвија ќе направи да се чувствувате како тоа навистина да Ви епоследна ноќ на слобода“.

Банер Банер BrandEcho

Тоа е единствениот поранешен советски воен затвор отворен за туристи, со хотел сместен во него. Занимливо е и што вработените во хотелот се однесуваат кон гостинот како со вистински затвореник – „му ги конфискуваат“ работите и „ја казнува неговата непослушност“, сведочи Мекелрој. Креветот може да биде дрвена клупа во ќелија – и тоа чини 15 до 30 евра.

„Џамбо хостелот“ во Стокхолм, Шведска

Сместен во реставриран „Боинг 747“ авион, овој хостел има сè за удобен престој – пилотската кабина претворена во обична соба, а во она коешто порано било патнички дел содржи пространи спални соби, бањи, па дури и место за дневен престој и дружење. Хостелот се наоѓа на 20 метри од аеродромот „Стокхолм-Арланда“.

„Клинк норд“ во Амстердам, Холандија

Се наоѓа во близина на Централната станица и крај еден од најпознатите канали во градот. Хостелот се наоѓа во поранешна лабораторија па целото опкружување и ентериер, и покрај извесните измени, потсеќа на 1920-тите.

„Нема да најдете подобро место во градот. Диџеите ја создаваат атмосферата во ‘Цинк-барот’, а атриумот исполнет со растенија служи како одлично место за одмор по јогата. Има и кафуле, ресторан, библиотека, кино, кујна со самопослуга и ноќен клуб. Креветите чинат од 40 до 50 евра“, појасни блогерката.

„Кејвленд“, Санторини, Грција

Во „пештерското“ одмралиште „Кејвленд“ (Caveland) на популарниот грчки остров само „чувството е луксузно“, вели Џил.

„Со простран базен, соби што личат на модерни пештери и обемна програма на настани, вклучувајќи филмска вечер, грчка вечера, дегустација, јога и друго… Ноќевање во оваа ‘пештера’ ќе Ве чини 31,50 евра.

Одмралиштето, исто така, покренува бројни зелени иницијативи со цел да се ограничи влијанието врз животната средина, како што е целосна забрана за пластика за еднократна употреба, компостирање отпад, книговодство без хартија и одржливо управување со водата.

Куќата „Сандеман“ во Порто, Португалија

„Очекувајте ‘буриња за спиење’ за едно лице, пространи соби, бар на отворено и ноќни португалски семејни вечери со бесплатно вино“, пишува Мекелрој.

Ова одморалиште е сместено во винарските визби „Сандеман“ и е една од најлегендарните згради во познатиот португалски град. За подобро искуство, секој кревет е во облик на буре за вино. Овој хостел се наоѓа на пет минути од популарниот историски центар на Порто и има поглед на реката Дуро. Кревет „буре“ чини 31,50 евра.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

„Вог“: Топ-10 најубави плажи во Европа за 2024 година

Успешен пробниот период за наплаќање влез во Венеција

Патувањето како лек: Зошто треба да го практикувате често

Овие грешки најчесто ги правиме за време на летувањето – и како да ги избегнеме?

Шпанија лани беше домаќин на рекордни 94 милиони странски туристи

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

БалканПатување

Минатата година рекордна за туризмот во Грција – земјата ја посетиле речиси 36 милиони туристи

Патување

Плажата „Месечев залив“ во Словенија – една од најубавите во светот

Патување

Гари – село убаво во секој период од годината

Берген – најврнежливиот град во Европа

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?