Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Култура и наука

„Автопортрет со седум прсти“ – хроника на современата македонска културна историја под перото на Ацо Шопов

15.03.2024 07:12
Сподели

Скопје,14 март 2024 (МИА) – Издавачката куќа „Антолог“ во вторник 19 март, од 19 часот во Лабораториум (Бул. „Климент Охридски“ бр. 68, Скопје), ќе го одбележи објавувањето на „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов, дело од исклучително значење за културната меморија и  хроника на современата македонска културна историја.

На речиси шестотини страници се провлекуваат неговите размисли за поезијата, литературата, уметноста, културата, општеството и историјата, забележани во македонските, југословенските и во странски весници и списанија, од почетокот на четириесеттите до крајот на седумдесеттите години на дваесеттиот век. За првпат, осумдесет години по објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, „Песни“ од Ацо Шопов (1944 г.), голем дел од неговите прозни записи се објавени во книга. Од денеска, таа е достапна во книжарниците.

Како што информираат од „Антолог“, книгата ќе ја претстават проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и првенецот на МНТ Никола Ристановски.  Ќе им се придружи и Јасмина Шопова, приредувач на книгата и потпретседател на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ која ја организира промоцијата во соработка со „Антолог“ и со „Лабораториум“. Насловната корица на книгата е авторство на Марко Трпески, а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски.

Банер

Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, ФлипБук – Фестивалот на анимирани филмови и ДЛУМ, со сегменти од нивните уметнички продукции во рамките на „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“.

Како што појаснуваат од „Антолог“, неговиот автопортрет е во најмала рака изненадувачки, затоа што колку што широката публика го познава суптилниот лиричар, толку е слабо упатена во  другите книжевни и општествени дејноси на Шопов, кој во оваа книга се покажува како исклучителен есеист и беседник со изострен слух за литературата, ликовната уметност и филмот, како сериозен толкувач и критичар на општествените текови и драми, како строг полемичар, како ангажиран издавач и интелектуален работник.

Ad image

Од: Антоанела Димитриевска, Велес Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во 2023 издадени 451.000 дозволи за престој во ЕУ на истражувачи и студенти од странство

„Велешко лето“ 2024 со богата програма за сите вкусови

Почнува 63. издание на Струшките вечери на поезијата

Словото како отпор и надеж: Достапна на јавноста поетската збирка „Сонување (Метармофози)“ од Жаклина Атанасова

Благодарница за Симон Трпчески и проектот „Македонисимо“ по повод Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Култура и наука

На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе заблеска со мјузиклот „Mamma Mia!“

Култура и наука

Четврта Малореканска научна конференција

Култура и наука

Дванаесет стихозбирки во поширокиот избор за наградата „Антево Перо“ за 2024

Култура и наука

„Ветар параклет“ – самостојна изложба на Димитрие Дурацовски во Чифте амам

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?