Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Бајден пристигна во Германија за разговори за Украина и Блискиот Исток

Сподели

Берлин, 18 октомври 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигна во Берлин на разговори со германските лидери за поддршката на Западот кон Украина и нестабилната ситуација на Блискиот Исток.

Бајден се среќава со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц, а се очекува нивните разговори да се фокусираат на зајакнување на трансатлантските врски и одржување на воената помош за Украина.

Германија моментално е втор најголем донатор на воена помош за Украина, по САД, и има обезбедено напредно оружје, како што се борбените тенкови Леопард 2, ракети Патриот и системи за противвоздушна одбрана IRIS-T.

- Advertisement -

Посетата на Бајден доаѓа во време на зголемени сомнежи за иднината на поддршката за Украина поради претстојните американски избори и можноста Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.

Трамп и неговата Републиканска партија помалку ја поддржуваат испораката на воена помош за Украина во борбата против руската инвазија, а некои членови на партијата повикуваат на целосно прекинување на помошта.

По разговорите со германските лидери, Бајден ќе одржи трилатерална средба со канцеларот Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кијр Стармер.

– Претседателот Бајден со нетрпение очекува да разговара со другите лидери за клучните теми, кои очигледно вклучуваат војната на Русија против Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, пронаоѓање на одржливо дипломатско решение за конфликтот меѓу Израел и Либан и ризикот од ескалација со Иран – изјави еден од претставниците на Белата куќа пред посетата.

Прошталната посета на Бајден во Берлин, бидејќи неговиот мандат завршува во јануари следната година, првично беше планирана пред една недела, но беше одложена поради ураганот Милтон кој ја погоди американската држава Флорида.

Од Сања Костовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Штабот на Трамп побарал воени авиони и противракетна заштита на неговите митинзи поради можен атентат од страна на Иран

Полска и САД во преговори за воено засилување

Унгарскиот Парламент го поддржа предлогот земјата да се повлече од Меѓународниот кривичен суд

Руската Дума со остри пораки до Германија: „Ако дојде до конфликт – ќе бидеме подготвени“

Лавров: Потенцијал за економска соработка помеѓу Русија и САД

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Данска воведува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Свет

Велика Британија и нејзините партнери алармираат за заканите од кинески кибернапади

Русија во текот на ноќта со дронови го нападна Киев

Орбан: ЕУ мора да се промени, целта на унгарското претседателство е да биде гласот на промените

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?