Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Белата куќа ги санкционира новинарите на АП откако одбија да го користат терминот „Американски Залив“

Сподели

Вашингтон, 19 февруари 2025 (МИА) – Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ја блокира новинската агенција Асошиејтед прес (АП) од пристап до Овалниот кабинет и претседателскиот авион „Ер Форс 1“, сè додека агенцијата не престане да го користи називот „Мексикански Залив“.

Во јануари, Трамп потпиша указ со кој му наложи на Министерството за внатрешни работи да го смени името на водниот басен од „Мексикански Залив“ во „Американски Залив“. АП, повикувајќи се на своите уреднички стандарди, соопшти дека ќе продолжи да го користи традиционалното име.

Белата куќа минатата недела не ѝ дозволи на АП да присуствува на неколку прес-случувања, оценувајќи дека одлуката на агенцијата создава поделби и ширење на дезинформации.

- Advertisement -

– Ќе ги држиме надвор сè додека не се согласат дека ова е Американскиот Залив, изјави Трамп пред новинарите во неговиот имот „Мар-а-Лаго“ на Флорида.

АП потсетува дека терминот „Мексикански Залив“ се користи повеќе од 400 години. Како глобална медиумска агенција, таа соопшти дека ќе продолжи да го користи оригиналното име, но истовремено ќе го нотира и новото име кое Трамп го воведува.

Асоцијацијата на кореспонденти во Белата куќа, која ги застапува новинарите што известуваат за претседателот, протестираше против одлуката на администрацијата на Трамп за блокирање на АП.

Од Сања Костовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Научниците предупредуваат: Северниот Пол се загрева со рекордна брзина

Во израелски напад во Кан Јунис, 71 загинат и 289 повредени, цел бил командант на Хамас

Клинтонови се противат на сведочењето во истрагата за Епстин

Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот

Хамас: 27 нови жртви во Газа, вкупниот број достигна 43.341

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Гутереш го осуди терористичкиот напад во Москва

Балкан

Шокантен инцидент – Змија касна седумгодишно момче на плажа

Свет

Семејствата на заложниците обвинуваат: Нетанјаху е главната пречка за враќање на нашите блиски

Изборна комисија на САД: Маск донирал 245 милиони евра за кампањата на Трамп

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?